Втора женска фудбалска лигаФудбал

Капитенката на Порече, Ѓорѓиоска Блажеска со последна почит кон Здравески – силна порака од срце на теренот во Македонски Брод

Сподели
Сподели

Последното коло од Втората женска фудбалска лига помина во знакот на емоциите и спортската почит. На натпреварот меѓу Порече и Билјанини Извори (1:6), одигран во Македонски Брод, капитенот на домашниот тим, Јована Ѓорѓиоска Блажеска, испрати силна порака со личен гест во чест на прерано починатиот Николче Здравески – легендарниот фудбалер на Победа и тренер.

Во моментите на излегување на теренот, Ѓорѓиоска Блажеска носеше црна маичка со посвета на Здравески, оддавајќи му последна почит на човекот кој остави неизбришлива трага во македонскиот фудбал, но и во животите на многу млади играчи кои ги советуваше, мотивираше и водеше со огромно срце.

Во својата изјава за „Спортска Мрежа“, капитенката искрено и со силни емоции изјави:

„Ти благодарам што имав можност да те запознаам, ти благодарам за секој совет за животот и фудбалот. Човек со големо срце како планина, човек кој знаеше да биде родител, тренер и педагог. Шефе, почивај во мир и спокој. Денес, утре, засекогаш ќе живееш во моето срце! Вашата Јовка“, изјави за Спортска Мрежа капитенката на Порече, Јована Ѓорѓиоска Блажеска.

24-годишната Ѓорѓиоска Блажеска со Здравески соработуваше во екипата на ЖФК Деспина од Прилеп, како и во фудбалската академија Прилеп.

Овој момент во Македонски Брод беше потсетник дека фудбалот е многу повеќе од спорт – тој е заедништво, вредности и сеќавања што живеат и се паметат засекогаш.


Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!