Ракомет

Стружанка не доаѓа во Штип, Астибо службено го добива мечот!

Сподели
Сподели

Натпреварот меѓу Астибо и Стружанка кој требаше да се одигра денес со почеток од 12 часот нема да се одигра, бидејќи екипат на Стружанка испратила официјално известување дека нема да допатува во Штип за да го одигра натпреварот.

Натпреварувачката комисија при Ракометната федерација на Македонија ќе постапи согласно пропозициите за Супер женската ракометна лига за сезона 2024/2025.

Тоа значи дека Астибо овој меч го добива по службен пат и на своето конто додава нови три бодови за вкупно шест, откако во првото коло го доби Скопје на гостински терен, а во второто коло одмараше.

Штипјани ќе причекаат уште долго со цел да го видат Астибо на домашен терен во новата сезона, односно Астибо да го одигра својот прв настап на домашен терен во новата сезона. Во следното коло Астибо ќе гостува кај дебитантот Ѓорче Петров 2, а потоа на домашен терен ќе одигра два меча во низа против Чаир и против Скопје.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Ракометарките на Ѓорче Петров со максимален ефект, Чаир и Металург Автокоманда израмнети, во плеј-аутот Деспина има два од два!

По осум одиграни кола во плеј-офот на ракометната Суперлига во женска конкуренција, шампионот Ѓорче Петрови има осум од осум и максимални бодови на...

Ракомет

Уште едно коло од регуларниот дел во ракометната Суперлига, потоа започнува плеј-офот и плеј-аутот

Останува уште едно коло за комплетирање на регуларниот дел на ракометната Суперлига, по што ќе започне плеј-оф сегментот каде ќе се води борба...

Поврзани написи
Ракомет

Ракометарките на Ѓорче Петров со максимален ефект, Чаир и Металург Автокоманда израмнети, во плеј-аутот Деспина има два од два!

По осум одиграни кола во плеј-офот на ракометната Суперлига во женска конкуренција,...

Ракомет

Уште едно коло од регуларниот дел во ракометната Суперлига, потоа започнува плеј-офот и плеј-аутот

Останува уште едно коло за комплетирање на регуларниот дел на ракометната Суперлига,...

Ракомет

ВИДЕО: Голема глупост во Бугарија: Минута молк за поранешен фудбалер кој е жив!

Натпреварот меѓу Арда и Левски Софија во Првата бугарска лига започна со...

Ракомет

Радовиш се засили со лев бек од Молдавија и пивот од Бразил

Ракометниот клуб Радовиш за плеј-аут сегментот на Суперлигата каде ќе води тешка...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!