Втора лигаФудбал

Супер засилување за Новаци: Пристигна Данил Романов од Австралија!

Сподели
Сподели

Второлигашот Новаци за продолжението од сезоната во Втората лига доби супер засилување, станува збор за 19-годишниот Данил Романов кој е роден во Австралија.

Официјално деби на Романов беше на мечот против Вардар во Купот на Македонија, а тој за време на летните подготовки беше дел од екипата на Новаци и на неколку пријателски натпревари постигна неколку погодоци и веднаш беше ставен на радарот на неколку екипи.

Интересно е тоа што дебито во рамки на Втората лига, Романов ќе го има против Арсими на гостински терен, а токму против оваа екипа постигна два гола за време на летните подготовки.

Романов постигна гол и против екипата на Скопје во рамки на летните подготовки, меч на кој Новаци ремизираше играјќи 1:1.

Повеќе од јасно е дека Романов ќе биде вистинско освежување во екипата на Дарко Крстески.

Новаци утре ќе гостува кај Арсими во рамки на 5. коло од Втората лига, а пак в среда ќе игра дома против ланскиот прволигаш Македонија ЃП.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

ФК Кул со четири генерации доаѓа на Ohrid Winter Cup и носи силна конкуренција

Фудбалскиот клуб Кул од Скопје го потврди учеството на Ohrid Winter Cup, доаѓа со дури четири генерации и носи голема конкуренција. Клубот кој...

Кошарка

Баскет Дино со три од три на врвот во Аматерската лига – следува дерби со непоразената Шар Планина!

Кошаркарите на Баскет Дино од Кочани продолжуваат со одличните настапи во Аматерската лига, откако во третото коло забележаа нова убедлива победа и го...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!