ФудбалФутсал

СЕЕ Университи во едно полувреме го збриша Карадаку – три гола на Гезим Азизи

Сподели
Сподели

Со убедлива победа од 9:2 на СЕЕ Университи над последнопласираниот Карадаку беше отворено 22. коло на Втората футсал лига на Македонија.

Без проблем тетовскиот тим дојде до голема победа, а целиот меч беше решен само во првите 20 минути кога резултатот беше 8:1. Мора да се истакна и фактот што гостинот имаше слаба ротација со два играчи, додека пак домашниот тим имаше поголема клупа за ротација од шест играчи и тоа беше уште еден пресуден момент за овој голем резултат.

За домашниот тим хет-трик постигна Гезим Азизи, а по еден гол постигнаа Самир Рамадани, Ермал Љиворека, Хисен Мемеди, Зеќирија Османи и Адис Фетаи.

За гостинот во првото полувреме погоди Омер Саќип, а во второто полувреме Шуајб Шукрија беше стрелец на вториот гол.


Денес во Студеничани ќе се соочат Каршиака и Кратово, утре се игра дербито меѓу Овче Поле и Балкан, а пак ССК Скопје го чека фаворитот Мал Ајакс. Колото ќе се комплетира во понеделник во Ресен со мечот меѓу Конзули и Кораб.

Во рамки на ова коло слободно ќе биде екипата на Партизан Југ од Брвеница.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!