Турнири

„Враништа 2025“ со награден фонд од 110.000 денари за победникот – пријавувањето е во тек!

Сподели
Сподели

Во струшкото село Враништа, по 31. пат ќе се одржи традиционалниот пролетен турнир во мал фудбал „Враништа 2025“. Организаторите и оваа година најавуваат богата наградна програма и силна конкуренција.

За првопласираната екипа е предвидена парична награда од 110.000 денари. Второпласираната ќе добие 55.000 денари, третата 25.000 денари, а четвртопласираната екипа ќе биде наградена со 10.000 денари. Дополнително, ќе бидат доделени индивидуални признанија за најдобар играч и најдобар голман на турнирот.

Пријавувањето за учество е веќе отворено и ќе трае најдоцна до 8 мај 2025 година. Екипите може да се пријават на телефонскиот број 071/355-212 (Јанче). Котизацијата за учество изнесува 4.000 денари, а секоја екипа треба да брои од 6 до 10 играчи.

Извлекувањето на групите е закажано за 9 мај во 20:00 часот, додека финалниот натпревар ќе се одигра на 2 јуни, на празникот Св. Талалеј. Сите натпревари ќе се играат со официјални судии делегирани од Фудбалската федерација на Македонија.

Како и изминатите години, и ова издание на „Враништа 2025“ ќе биде медиумски покриено од Спортска Мрежа.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Ројевиќ по одбранетиот трофеј: „Да се ресетираме и да одиме во нови победи!“

ГРК Охрид по вторпат во низа го освои меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако во финалето го совлада Вардар со 29-27 и го одбрани...

Ракомет

Мулти Есенс го преживеа Младост и со тесен резултат обезбеди борба за бронза на турнирот во Прилеп

Мулти Есенс успеа да стигне до победа над Младост 1977 со 30-29 во исклучително неизвесен натпревар, во кој богданчани до самиот финиш се...

Поврзани написи
Турнири

Познати финалистите на „Алмир Ибески – Алмо 2026“: Голема битка во Дебреште за трофејот!

Познати се финалистите на Меморијалниот турнир „Алмир Ибески – Алмо 2026“, кој...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!