Втора лигаФудбал

Фудбалерите на второлигашот Вардар Неготино јавно бараат исплата на заостанатите плати!

Сподели
Сподели

Фудбалерите на Вардар Неготино јавно го изразија своето незадоволство поради неисплатени плати. Преку соопштение, тие побараа прием кај градоначалникот на општина Неготино, Горан Стојанов, со цел да разговараат за актуелната состојба во клубот.

Како што дознава Спортска Мрежа, денеска не се одржал тренинг. На фотографијата објавена од навивачката група „Винари“, се присутни сите играчи, заедно со шефот на стручниот штаб Горан Тодорчев, а со нив беше и кондициониот тренер Горан Стојановски.

„Ние играчите на ГФК Вардар Неготино изразуваме револт поради неисплатени плати и го замолуваме јавно градоначалникот на општина Неготино, Горан Стојанов на прием во понеделник за дискусија. Со овој повик сакаме да биде запозната јавноста во Неготино околу ситуација во клубот. Ние како група која е секогаш тука за клубот и градот ги подржува фудбалерите и бара одговорност“, се вели во соопштението кое беше објавено на профилот на „Винари Неготино“.

Екипата на Вардар Неготино веќе го обезбеди опстанокот во Втората лига, но сега се соочува со нов предизвик – исплата на заостанатите плати.

Утре, во рамки на 27. коло од Втората лига, Вардар Неготино ќе гостува кај Каменица Саса во Македонска Каменица. Натпреварот започнува во 16:00 часот.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

По шест месеци Беласица и Анатолиј Петејчук се разделија

Второлигашот Беласица и Анатолиј Петејчук по шест месеци се разделија. Струмичани започнуваат...

ФудбалФутсал

Што се случува со прволигашот Шкупи – тимот не допатува во Кавадарци за мечот со Клими?

Натпреварот од осмото коло на Првата футсал лига меѓу Клими и Шкупи...

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски си поднесе оставка по серијата порази на клупата на Етникос Акна

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски си поднесе оставка по...

Младински фудбалФудбал

Македонија ЃП водечка по првиот дел од сезоната во Пионерската Супер лига

Во последниот натпревар од првиот дел на сезоната во Пионерската Супер лига,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!