Во недела ќе бидат одиграни натпреварите од претпоследното 17. коло на Третата македонска фудбалска лига – Исток, а веќе се познати и судиите кои ќе ја делат правдата на истите.
Слога Виница во недела ќе го подигне и шампионскиот пехар пред својата публика ќе го одигра последниот домашен натпревар, по што ќе остане да се одигра уште еден натпревар и тимот на Емил Грнев да се подготвува за баражот за можен влез во Втора лига.
- ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 17. КОЛО ТРЕТА ЛИГА – ИСТОК:
Ударник – Хоризонт Турново, Борче Коцев (Радовиш) 17 часот
Светлост Зрновци – Дојранско Езеро, Иван Јанев (Штип) 17 часот
Слога Виница – Карбинци, Александар Ананиев (Кочани) 16 часот
Брегалница Делчево – Овче Поле, Тоше Џамов (Кочани) 16 часот
Тиверија – Малеш, Блаже Петковски (Миравци) 17 часот