Ракомет

Кукуловски: Мечот со Бутел сигурно ќе биде тежок, но Охрид оди на победа за да го осигура четвртото место!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

В петок екипата на Охрид на домашен терен во спортската сала „Билјанини Извори“ ќе го пречека тимот на Бутел, а во рамки на 6. коло на плеј-офот од Суперлигата.

„Гладијаторите“ ќе ја имаат улогата на фаворити за мечот кој се игра во петок, а Бутел во „Билјанини Извори“ ќе ги бара првите бодови и првиот позитивен резултат во плеј-оф сегментот.

Разгоравме до Дејан Кукуловски веднаш после натпреварот од Купот со Тиквеш, кога тој тогаш го анализираше мечот со Тиквеш, но притоа разгоравме и за натпреварот со Бутел. Кукуловски во ексклузивна изјава за Спортска Мрежа истакна дека сите натпревари во плеј-офот се тешки, вели дека нема слаб противник, но вели дека одат на победат против Бутел, бидејќи тоа за Охрид е значаен натпревар како што вели ракометарот на Охрид.

„Натпреварот со Бутел на домашен терен, сигурно ќе биде тежок, во плеј-офот сите натпревари се тешки, нема слаб противник, како што се гледа и според резултатите. Нормално, одиме на победа против Бутел, тоа ќе биде многу значаен натпревар за нас, па можам да кажам полека, чекор по чекор ќе имаме сигурно четврто место, па полека и да се бориме за нешто повеќе..ако можеме на домашен терен“, изјави Кукуловски во разговор со Спортска Мрежа.

Натпреварот меѓу Охрид и Бутел се игра со почеток во 19 часот, судиска двојка ќе бидат Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.


Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи. Во 17. коло од македонската Супер лига, тимот на Охрид, вечерва...

Поврзани написи
Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи....

Ракомет

Тиквеш покажа карактер и со голем пресврт ги освои бодовите против Еурофарм Пелистер 2

Ракометарите на Тиквеш извојуваа исклучително значајна победа во борбата за пласман меѓу...

Ракомет

Ојлески: ,,Заслужено победивме“ – Охрид го шокира Пелистер и ја одбрани својата ,,Тврдина”!

Охрид продолжува да ги изненадува фаворитите оваа сезона. Во 17. коло од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!