Во просториите на Кошаркарската федерација денеска се одржа средба помеѓу актуелниот претседател Перо Антиќ и Томица Главчев, кој е единствениот кандидат за нов претседател на федерацијата.
„Ми претставува особена чест и задоволство што денеска го пречекав идниот претседател на Кошаркарската федерација, која беше мој дом во изминатите шест години. Мојот пријател Томица ја има мојата апсолутна поддршка и верувам дека тој е вистинскиот избор за напредокот на македонската кошарка. Му посакувам многу среќа и успешна работа во годините што доаѓаат “, изјави Антиќ, поздравувајќи го својот наследник.
Официјално Томица Главчев е нов претседател на КФСМ, тој доаѓа на местото на Перо Антиќ, кој после шест години ја напушта „куќата на кошарката“. Во отсуство на легендата на македонската кошарка му беше изгласана недоверба.
На Вонредното изборно собрание на кое беа присутни 38 членки од вкупно 50, Главчев беше едногласно избран за прв човек на КФСМ во следните четири години.
Главчев е успешен бизнисмен со богато искуство во спортот, особено во кошарката. Тој е основач на клубот Блокотехна, кој иако веќе не постои, во 2019 година го освои трофејот во Балканската лига (БИБЛ) и остави силен впечаток во регионалната сцена.
Главчев беше дел од Управниот одбор на актуелното раководство на КФСМ, а во изминатите години активно ја поддржуваше кошарката во Македонија. Беше ангажиран како помагател на МЗТ Скопје во настапите во АБА-лигата, а во минатото и како дел од спонзорскиот тим на српскиот гигант Партизан.
Виолета Јанчева, Спортска Мрежа