Македонскиот олимписки атлетичар Дарио Ивановски продолжува да блеска на меѓународната сцена, овој пат победувајќи на полумаратонската трка во Дубровник, Хрватска. Со време од 1 час, 8 минути и 2 секунди, Ивановски не само што ја освојува победата, туку поставува и нов рекорд на оваа патека, што дополнително ја нагласува неговата извонредна форма и посветеност.
Трката од 21 километар беше вистински предизвик, но Ивановски ја заврши со неверојатна брзина и издржливост, покажувајќи дека е еден од најдобрите атлетичари во својата категорија. Со овој успех, тој уште еднаш ја потврдува својата позиција на светската сцена и продолжува да ги руши границите на македонскиот спорт.
Дарио Ивановски не само што е гордост за Македонија, туку и инспирација за сите млади спортисти. Неговиот успех е доказ дека со работа, упорност и верба во себе, се можни и најголемите достигнувања. Во една динамична и конкуренциска средина, Ивановски продолжува да покажува дека нема лимити за оние кои се посветени на своите цели. Второто место му припадна на Жељко Кота од Хрватска со време од 1:14.26, додека третото место го освои Јакуб Галасиевич од Полска со време од 1:15.21.
Во женска конкуренција првото место и припадна на Блетнејт Патон од Ирска со време од 1:31.52, второто место го освои србинката Тијана Кабиќ со време од 1:35.16, и третопласирана беше норвежанката Ливе Гјесдал – Нилсон со време од 1:36.12. Дубровник викендов беше домаќин на голем меѓународен настан, каде што повеќе од 2.000 атлетичари од целиот свет се натпреваруваа во различни маратони и полумаратони.
Овој престижен настан привлече спортисти од сите континенти, кои дојдоа да ја покажат својата издржливост и вештини на патеките во историскиот град.
Покрај атлетичарите, околу 800 волонтери активно учествуваа во организацијата на трките, обезбедувајќи поддршка и помош на учесниците и навивачите.
Виолета Јанчева, Спортска Мрежа