ФудбалФутсал

Истечени лекарски прегледи кај играчите го одложија натпреварот од 21. коло на Втората футсал лига кој требаше да се игра во Прилеп!

Сподели
ФОТО: АРХИВА
Сподели

Натпреварот од 21. коло на Втората футсал лига меѓу Победа и ССК Скопје во Прилеп не се одигра, а причината поради која не се одигра овој натпревар е тоа што кај гостинскиот тим само двајца играчи имале регуларни лекарски прегледи, а кај другите бил со истечен рок.

Натпреварот требаше да се одигра во неделата, но истиот не започнал бидејќи проблемот бил истечениот лекарски преглед кај играчите на гостинската екипа.

„Натпреварот не започна бидејќи кај домашната екипа има само 5 уредни лекарски прегледи од вкупно 9 внесени во записникот што го исполнуваат условот за почнување на натпреварот, а кај гостинската екипа забележано само 2 регуларно лекарски прегледи кај другите фудбалери лекарскиот преглед е со истечен рок на важност односно направени се 09.10.2024 и 10.10.2024 година и не ги исполнуват условите на почеток на натпреварот. Присутни беа судиите и контролорот на натпреварот“, вака е заведено во официјалниот записник од натпреварот.


Оваа сезона во футсалот уште ова остана да го видиме.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

(ФОТО) Македонските навивачи го загреваат Глазгов – Кипре и Јованка пристигнаа, се подготвува голем собир пред дуелот со Шкотска!

Глазгов полека се обојува во црвено-жолто пред утрешниот фудбалски натпревар меѓу Шкотска и Македонија, кој ќе се одигра на легендарниот „Хампден парк“, со...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Гаштаров: Играме против голема Шкотска, која има квалитетни играчи, но и ние имаме свои имиња кои се во многу добра форма

Фудбалската репрезентација на Македонија утре во Глазгов ја очекува дуелот со Шкотска во рамки на Лигата на нациите. Матеј Гаштаров е еден од...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!