Денес беше комплетирано 22. коло на Третата фудбалска лига – Север, а кое коло беше отворено вчера со ремито на Ржаничино и БВК Коњаре (1:1), извештајот од тој меч е достапен овде.
Денес Њу Старс дојде до минимална победа од 0:1 над Башкими Љуботен со голот на Никола Силјановски кој беше постигнат во 57. минута.
Пчиња славеше минималец од 0:1 над Риниа на гостински терен во село Љубин со голот на Немање Нешевски, кој беше постигнат во 58. минута.
Фортуна дојде до минимална домашна победа од 1:0 над ланскиот шампион Куманово со голот на Алтин Сефо кој беше прецизен во 68. минута.
Некогашниот второлигаш Кадино забележа многу важна победа за опстанок над екс прволигашот Еуромилк ГЛ на теренот во Горно Лисиче со резултат од 2:3.
Олег Трифуновски погоди за 1:0 на полувреме, а во вториот дел Зоран Тасески постигна два гол за победа од 1:2 за Кадино.
Во меч со пресврти и пет гола екипата на Академија Илинден триумфираше над Аеродром со 3:2.
Николче Ефремов погоди за водство од 1:0 за домашниот тим во 14. минута, а потоа Александар Кажлевски и Христи Мицевски во две минути направија пресврт од 1:2. Во 42. минута Сеад Демири погоди за 2:2 по првите 45 минути.
Во вториот дел Ефремов беше стрелец на втор гол во 57. минута за конечните 3:2.
Шампионот Шкендија Арачиново се загрева за баражот па со 0:5 го декласираше тимот на Беса од Слупчане на теренот во Доброшане. Фикрет Љиварека беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Бујар Иљази, Дарио Десниќ и Амар Мустафа.