Трета лигаФудбал

Слога Виница се прошета во Дојран, Тиверија конечно до триумф, Коцевски обезбеди три бодови за Хоризонт Турново!

Сподели
ФОТО: Овче Поле - Тиверија
Сподели

Денешното 16. коло на Третата македонска фудбалска лига – Исток донесе едно изненадување, фаворитот Овче Поле на домашен терен во Свети Николе загуби со 1:3 од последнопласираната Тиверија од Струмица.

По мирните мрежи во првиот дел, во второто полувреме Ване Пандевски постигна гол во 60. минута за водство на Тиверија, но по седум минути игра Сергеј Јованчев погоди за 1:1.

Струмичани дојдоа до нова предност преку Миле Ѓеоргиев во 76. минута за 1:2, а десет минути подоцна Христијан Тимов ги постави конечните 1:3 со што трите бодови заминаа на контото на Тиверија.

Некогашниот прволигаш Хоризонт Турново дојде до минимална победа од 1:0 над Малеш, откако единствен стрелец на „Кукуш“ беше Ѓорги Коцевски кој стрелаше во 49. минута.

Карбинци и Брегалница Делчево ги поделија бодовите, откако одиграа реми без голови (0:0). Овој меч беше единствениот на кој немаше погодоци во рамки на 16. коло.

Шампионот Слога Виница се прошета во Дојран откако со 0:4 го доби тимот на Дојранско Езеро. Само еден гол падна во првиот дел откако погоди Октај Амедов во 16. минута.


Во второто полувреме Иван Настевски погоди за 0:2, а до крајот стрелци беа и Филип Петковски и најдобриот стрелец во лигата Игор Ѓорѓиев кој ги постави конечните 0:4 во 84. минута.

Трите бодови останаа во Пирава откако Ударник го доби Светлост од Зрновци со 2:1.


Резултатот беше отворен во 30. минута откако Блаже Петковски покажа на белата точка за Ударник, а сигурно реализираше Елдан Шата за 1:0 на полувреме. Во вториот дел Александар Тенекеџиев постигна гол во 67. минута за 2:0, а седум минути подоцна Дејвид Иванов погоди за конечни 2:1.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!