Трета лигаФудбал

Љуботен до триумф, Ренова го доби Влазерими во меч со девет гола!

Сподели
ФОТО: K.F Vëllazërimi 1977 | АРХИВА
Сподели

Некогашниот прволигаш Ренова во меч со девет гола триумфираше над Влазерими во Кичево со резултат од 4:5.

Стрелци за домашниот тим беа Јонузи, Зендели и Ибраими во првиот дел, а во второто полувреме гол даде Ајдини. Кај „гипсарите“ двојни стрелци беа Ерзен Ходаи и Ери Абдулахи, а еден гол постигна Мартин Стојаноски.

Екс прволигашот Напредок од Кичево со 1:2 преку пресврт го доби Зајази во гости. Во првиот дел мрежите мируваа и на двете страни. Во второто полувреме Агон Хашими во 75. минута погоди за 1:0, но во 79. минута Младен Котевски погоди за 1:1, а во 84. минута Никола Калевски за конечни 1:2.

Екипата на Љуботен преку пресврт дојде до победа над Велазерими од Слатино со резултат од 1:2 на теренот во Теарце. Домаќинот имаше водство до 1:0 на полувреме преку Елмази, а во вториот дел Билбилоск и Костадиновски беа прецизни за 1:2.


Речица го доби Камјани на домашен терен со резултат од 3:2, преку головите на Зибери, Иљази и Бафтири, а пак за гостинот двапати погоди Берзати.

Како што веќе вчера информираше Спортска Мрежа, Џепчишти го доби Доброшти со 6:3, а Тетекс со 7:2 славеше над Вардар Брвеница, извештајот за овие натпревари е достапен овде.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

СЕЕ Университи со убедлива победа три гола за Исмет Цека, трите бодови останаа во Кочани

Денес се одиграа уште два натпревари од 14. коло на Втората футсал...

ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!