Трета лигаФудбал

Ниту „Д“ од дерби – Големо Коњари го „збриша“ Башкими 2008, Превалец убедлив против Росоман!

Сподели
ФОТО: Росоман - Превалец
Сподели

Немаше ниту „Д“ од дерби лидерот Големо Коњари со убедливи 4:0 триумфираше над Башкими 2008 и е се поблиску да стане шампион во Трета лига – Југ и со тоа да игра бараж за можен влез во Втора лига.

Во рамки на 23. коло на Трета лига – Југ екипата на Големото Коњари до големата победа стигна преку Беким Алимоски и Кире Наумоски кои погодија за 2:0 на полувреме, а во вториот дел стрелаа Христијан Кукески и Ерџан Ибраимоски.

ФОТО: Росоман – Превалец

Превалец забележа победа од 1:3 над некогашниот второлигаш Росоман на гостински терен. Алекснадар Јордановски постигна гол за 0:1 на пилувреме.

Во вториот дел Слободан Дуков погоди за 1:1 во 55. минута, а до крајот Ангел Гаштев и Димче Ставревски постигнаа погодоци за конечн 1:3.

ФОТО: Екипата на Превалец

Слога и Ултрас ги поделија бодовите откако во Лажани одиграа 3:3. За домашниот тим стрелци беа Нермин Каришик во првиот дел и Емир Каришиќ и Фатон Ибраими во вториот дел. За гостинот погодија Игор Паноски и Славчо Стојчески во првото полувреме, а во вторито дел стрелец беше Христијан Баракоски.

Дреново дојде до домашна победа над Влазними Јуниор со резултат од 3:2 откако Берхан Мемедов беше стрелец за домашниот тим, а двапати погоди Армен Мемедов, а пак за гостинот Мемедоски и Фејзуловски беа стрелци.

Венец преку Мартин Цветков и Петар Ристовски дојде до победа на домашен терен од 2:0 над екипата на Бучин.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

По шест месеци Беласица и Анатолиј Петејчук се разделија

Второлигашот Беласица и Анатолиј Петејчук по шест месеци се разделија. Струмичани започнуваат...

ФудбалФутсал

Што се случува со прволигашот Шкупи – тимот не допатува во Кавадарци за мечот со Клими?

Натпреварот од осмото коло на Првата футсал лига меѓу Клими и Шкупи...

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски си поднесе оставка по серијата порази на клупата на Етникос Акна

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски си поднесе оставка по...

Младински фудбалФудбал

Македонија ЃП водечка по првиот дел од сезоната во Пионерската Супер лига

Во последниот натпревар од првиот дел на сезоната во Пионерската Супер лига,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!