Прва лигаФудбал

ВИДЕО: Нов скандал во македонскиот фудбал: Гостивар го напушти теренот против Работнички

Сподели
Сподели

Македонскиот фудбал е повторно во центарот на вниманието поради нов скандал. Екипата на Гостивар во 85. минута го напушти теренот на дуелот против Работнички, во меч од 29. коло на Првата македонска фудбалска лига, откако гостите направија пресврт и поведоа со 1:2 во дербито за излез во фудбалска Европа.

Гостивар прв дојде до предност преку Ервин во 66. минута, но веднаш потоа стрелецот доби директен црвен картон поради груб старт. Работнички ја искористи бројчаната предност, израмнувајќи преку Ангелов во 79. минута, а само пет минути подоцна, Дејли го комплетираше пресвртот за 2:1.

Незадоволни од судиските одлуки, играчите на Гостивар, заедно со дел од раководството на клубот, предводено од газдата Уста и тренерот Панов, заминаа во соблекувалната. Работнички и судиите останаа на теренот во Маџари и чекаа евентуално враќање на противникот, но тоа не се случи.

Според пропозициите, Работнички ќе го добие натпреварот со службени 0:3, а против Гостивар ќе бидат поведени дисциплински постапки, што може да резултира со дополнителни казни.

  • МОМЕНТОТ КОГА ГОСТИВАР ГО НАПУШТИ ТЕРЕНОТ:

Овој инцидент дополнително ја нарушува регуларноста на првенството, особено по неодамнешниот случај кога Воска Спорт го напушти теренот против Вардар, по што доби девет бодови казна и се повлече од понатамошно натпреварување во ПМФЛ.

Останува да видиме какви дисциплински мерки ќе се изречат против Гостивар и што ќе донесе тоа врз самиот тек на шампионатот.

Сподели

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!