Екипата на Борец ФЛ во Битола допатува со само девет играчи, а според правилникот мора да пријави најмалку 12 ракометари.
Тоа значи дека натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Борец ФЛ нема да се одигра, па така битолчани мечот го добиваат со службени 10:0.
Победникот од натпреварот меѓу Вардар и Бутел ќе игра финале против Еурофарм Пелистер 2 со почеток од 19 часот во Спортската сала „Боро Чурлевски“.