Втора женска фудбалска лигаФудбал

Супер-дерби во Охрид: Билјанини Извори и Вардар во битка за баражот за Прва лига

Сподели
Сподели

Утре на теренот со вештачка трева при СРЦ „Билјанини Извори“ ќе се одигра дербито за второто место во Втората женска фудбалска лига, место кое води кон бараж за можен влез во Првата женска фудбалска лига.

Билјанини Извори и Вардар ќе се соочат во директно супер-дерби за баражот, за три бодови, за престиж – дерби на колото.

Вардар е втор на табелата со 31 бод, додека Билјанини Извори е трет со 28 бодови. Во нивниот прв меѓусебен дуел, Вардар славеше со 2:0 на домашен терен, а сега Билјанини Извори ќе се обиде да возврати на свој терен.

Предност за охридскиот тим е што, доколку го победи Вардар, ќе се израмни на табелата со ист број бодови – по 31. Ако триумфира со три гола разлика, Билјанини Извори ќе биде второпласиран, па разврската ќе се решава во последното 14. коло.

Во последното коло Билјанини Извори гостува како голем фаворит против Порече во Македонски Брод, додека Вардар ќе се соочи со уште едно дерби против Кочани на домашен терен.

ФОТО: Екипата на ЖФК Билјанини Извори

Доколку Вардар загуби или одигра нерешено во Охрид, Кочани уште утре ќе стане шампион, бидејќи игра како апсолутен фаворит против Победа Валандово и речиси сигурно ќе триумфира, обезбедувајќи директен пласман во Првата лига. Во таков случај, мечот Вардар – Кочани во последното коло нема да има резултатско значење.


Билјанини Извори држи сè во свои раце во трката за второто место. Многу комбинации се можни, но утре започнува големата разврска: кој ќе обезбеди место во баражот – Билјанини Извори или Вардар?

ФОТО: Екипата на Вардар

Во Првата лига, за опстанок преку бараж ќе се борат Речица или Ас Јунајтед од Струга.

Главен судија на супер-дербито ќе биде Владимир Ѓорѓиевски од Битола, со помошници Петар Степановски и Николче Дрнковски, исто така од Битола. Контролор на натпреварот е Мендо Дивитаров од Битола.

Големото дерби започнува утре точно напладне – во 12 часот.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Тиверија Брера и Љуботен пресилни, шампионот Скопје со минимална победа над Вардар

Тиверија Брера убедливо го декласираше Кочани на домашен терен со 8:1 во меч од 5. коло на Првата женска фудбалска лига. Теона Галабовска,...

Трета лигаФудбал

Овче Поле пресилен со 11 гола, Саса убедлива со Слога Виница, радост за Огражден

Овче Поле тргна убедливо во новата сезона на Трета лига регион 3 откако во првото коло славеше до 11:0 над Тиверија. Тоше Манов...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Овче Поле пресилен со 11 гола, Саса убедлива со Слога Виница, радост за Огражден

Овче Поле тргна убедливо во новата сезона на Трета лига регион 3...

Втора лигаФудбал

Охрид со Каланоски до нова победа, првенец за Новаци, Дуков носи радост за Кожуф, Пелистер убедлив против Шкупи

Охрид продолжува со добри резултати во Втората македонска фудбалска лига, откако на...

Прва лигаФудбал

Силекс и Брегалница со поделба на бодовите во Кратово: 2-2 по пресвртот на штипјани

0Силекс и Брегалница одиграа динамичен и резултатски неизвесен натпревар во Кратово, кој...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!