Прва лигаФудбал

Прволигашот Беса ќе има нов тренер: Се раздели со Александар Таневски

Сподели
Сподели

Дебитантот во Првата лига, екипата на Беса од Добри Дол одлучи да направи тренерска промена и ја прекина соработката со искусниот стратег Александар Таневски.

Беса ќе добие нов тренер, а Таневски останува запишан во историјата на овој клуб како тренер кој ја внесе Беса за првпат во историјата на фудбалската елита на Македонија.

“Сопствениците на клубот сметаат дека е потребен нов дух во нашиот клуб и поради оваа причина со меѓусебен договор со тренерот Таневски решивме да ја прекинеме соработката. Беса му се заблагодарува на тренерот Таневски за неговата работа и му посакува континуирани успеси”, велат од клубот.

Во минатото Таневски ги предводеше Брера Струмица тогаш Академија Пандев и Македонија ЃП.

Изненадување е тоа што Беса одлучи да се раздели со Таневски, откако вчера Беса со 1:5 го декласираше Охрид во Купот и обзбеди пласман во осминафиналето од Купот.

Овој викендот Беса дома ќе игра со Пелистер.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФудбалска репрезентација

Футсал репрезентацијата на Македонија загуби од Андора

Футсал репрезентацијата на Македонија претрпе уште еден пораз во квалификациие за Европското првенство, откако загуби од Андора на гостински терен со 2:1. Во...

Втора лигаФудбал

Дури девет фудбалери го пропуштаат 21. коло на Втората лига поради пет жолти картони!

Поради акумулирани пет жолти картони девет фудбалери од седум екипи го пропуштаат 21. коло на Втората лига. Поради жолти картони овој викенд односно...

Поврзани написи
ФудбалФудбалска репрезентација

Футсал репрезентацијата на Македонија загуби од Андора

Футсал репрезентацијата на Македонија претрпе уште еден пораз во квалификациие за Европското...

Втора лигаФудбал

Дури девет фудбалери го пропуштаат 21. коло на Втората лига поради пет жолти картони!

Поради акумулирани пет жолти картони девет фудбалери од седум екипи го пропуштаат...

Втора лигаФудбал

Борец и Осогово во директен дерби дуел за опстанок – трите бодови повеќе од важни!

Се разгорува битката за опстанок во Втората лига, Осогово е во ситуација...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!