Втора лигаФудбал

Даниел Стојановски е нов тренер на Борец

Сподели
ФОТО: ФК Борец
Сподели

Второлигашот Борец од Велес лошо ја започна новата сезона откако нанижа три порази во низа, вчера загуби и во Купот на Македонија, а ваквите слаби резултати беа причина за тренерска промена.

Љупчо Димитковски – Гањо е минато во Борец, а нов кормилар на велешкиот второлигаш е Даниел Стојановски, кој минатата сезона го предводеше третолигашот Куманово, меѓутоа овој тим не го помина баражот и остана во Трета лига – Север, откако во баражот загуби од второлигашот Победа со 2:1.

Борец статистички е најлош во Втората лига. Велешани имаат три порази во Втората лига, со примени седум погодоци, од кои едниот е автогол, а притоа е единствен тим без постигнат гол.

Борец уште во првата фаза од Купот беше исфрлен од Детонит со 0:1, а притоа и тука не постигна гол.

Во новата сезона целта на повратникот во Втората лига е да се обезбеди опстанокот, 38-годишниот стратег своето деби на клупата на Борец ќе го има во недела на мечот со Вардарски од Богданци во дуел за први бодови на Борец, а прва победа на Вардарски.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

По шест месеци Беласица и Анатолиј Петејчук се разделија

Второлигашот Беласица и Анатолиј Петејчук по шест месеци се разделија. Струмичани започнуваат...

ФудбалФутсал

Што се случува со прволигашот Шкупи – тимот не допатува во Кавадарци за мечот со Клими?

Натпреварот од осмото коло на Првата футсал лига меѓу Клими и Шкупи...

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски си поднесе оставка по серијата порази на клупата на Етникос Акна

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски си поднесе оставка по...

Младински фудбалФудбал

Македонија ЃП водечка по првиот дел од сезоната во Пионерската Супер лига

Во последниот натпревар од првиот дел на сезоната во Пионерската Супер лига,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!