Втора женска фудбалска лигаФудбал

Победа Валандово 16 триумфираше над Борец во одложениот меч во ВЖФЛ

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Вчера се комплетираше 1. коло од Втората женска фудбалска лига со одложениот меч кој се играше во Валандово, а каде екипата на Победа Валандово 16 триумфираше над Борец од Велес со 2:0.

Дора Зафирова по пет минути игра погоди за 1:0, а во 37. минута Викторија Петкова постигна гол за 2:0.

Во вториот дел мрежите мируваа, па така резултатот од првиот дел стана конечен со што трите бодови останаа во Валандово.

Во следното коло Победа Валандово 16 ќе гостува кај дебитантот Слободен, а пак Борец дома ќе игра со фаворитот Вардар.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Савревски најави нов европски поход: „Минатата сезона испишавме историја, сакаме така да продолжиме!“

Европската приказна на ГРК Охрид продолжува, а амбициите на „гладијаторите“ остануваат високи и по историскиот успех минатата сезона. Освојувањето на ЕХФ Европскиот Куп...

ИнтернационалциФудбал

Матеј Гаштаров го продолжи договорот со Црвена Звезда до 2031 година

Македонскиот фудбалски репрезентативец Матеј Гаштаров го продолжи договорот со српскиот гигант Црвена Звезда до 2031 година. 20-годишниот фудбалер со своите настапи и напредокот...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Матеј Гаштаров го продолжи договорот со Црвена Звезда до 2031 година

Македонскиот фудбалски репрезентативец Матеј Гаштаров го продолжи договорот со српскиот гигант Црвена...

ФудбалФутсал

Црна Река како фаворит ќе го пречека Фудбал Старс, Мал Ајакс гостува кај Кратово

Второто коло на Втората футсал лига се отвара во петок со две...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Шампионот Скопје го „прегази“ Кочани со седум гола, хет-трик на Радица Чонева

Со убедливата победа на шампионот Скопје над „фенерџијата“ Кочани од 0:7 беше...

Втора лигаФудбал

Кој ќе го стигне најдобриот стрелец во Втора лига?

По осум кола во Втората македонска фудбалска лига, најдобриот стрелец продолжува да...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!