Прва лигаФудбал

Тиквеш триумфираше над Брера – се разгорува за опстанок, нови победи за Шкендија и Силекс!

Сподели
ФОТО: ФК Шкендија
Сподели

Екипата на Тиквеш ги освои трите бодови во дербито за опстанок со Брера Струмица, откако во денешното 28. коло на Прва лига триумфираше со 2:1 и со тоа се разгорува битката за опстанок во елитата.

Домашниот тим преку Кристијан Стојкоски во 26. минута дојде до 1:0 на полувреме. Во вториот дел Арби Воша во 85. минута зголеми на 2:0, а во судиското надополнување Фодеи Травали ги постави конечните 2:1.

Шкендија преку пресврт дојде до триумф над Беса во Гостивар со 2:3 и така ја продолжува борбата и се чекор поблиску до титулата. Ремзифаик Селмани во 13. минута постигна гол за 1:0, а десет минути подоцна Бесарт Ибраими израмни на 1:1. Пред крајот на првиот дел Тамба Фабрице погоди за пресврт и 1:1 на полувреме.

Во вториот дел Беса преку втор гол на Селмани дојде до ново израмнување на 2:2, а во 80. минута Зија Мерџани погоди за три бодови и победа од конечни 2:3.

Силекс преку пресврт славеше на Чаир над Шкупи со 1:2. Домашниот тим имаше 1:0 на полувреме со голот на Клемент Ансах кој погоди во 32. минута. Во вториот дел Марко Ѓорѓиевски постигна гол во 61. минута за 1:1, а седум минути подоцна Ади Алиќ ги постави конечните 1:2.

Струга Трим Лум и Гостивар ги поделија бодовите откако ремизираа покрај езерото играјќи 1:1. Гостинот преку Антонио Каланоски во 50. минута дојде до 0:1, а во 85. минута Кехинде ги постави конечните 1:1.


Работнички преку пресврт со двата гола на Гандо го доби Пелистер со 2:1 на домашен терен. За гостинот од Битола во првиот дел погоди Мирко Ивановски.

Натпреварот во Охрид меѓу Воска Спорт и Вардар не се доигра, откако во 76. минута при резултат од 1:1 домашниот тим се повлече од игра, а причината беше голот на Вардар и судиската арбитража, за што ќе објавиме нов прилог каде ќе го пренесеме соопштението на Воска Спорт и видеото од голот на Вардар и моментот кога Воска се одлучи да го напушти теренот.

  • ГОЛОТ НА ВАРДАР И НАПУШТАЊЕТО НА ТЕРЕНОТ ОД СТРАНА НА ВОСКА СПОРТ:

Воска Спорт поведе во 18. минута преку Осеи Клинтон, а во вториот дел Филип Дурански во 70. минута го постигна голот кој за Воска Спорт е спорен.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

СЕЕ Университи со убедлива победа три гола за Исмет Цека, трите бодови останаа во Кочани

Денес се одиграа уште два натпревари од 14. коло на Втората футсал...

ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!