Трета лигаФудбал

Големо Коњари триумфираше над Бучин, трите бодови заминаа во Кривогаштани, нов пораз за Питу Гули!

Сподели
ФОТО: Победнички фотографии од соблекувалната на Големо Коњари и Младост
Сподели

Лидерот во Трета лига – Југ ги продолжува победите откако со 2:0 го совлада Бучин во меч од 21. коло.

Гостинот пружи силен отпор, па во првиот дел немаше погодоци (0:0), за што домашниот тим во вториот дел веднаш го отвори резултатот откако во 46. минута Илчо Митревски постигна гол за 1:0, а по четири минути Ерџан Ибраимоски постигна гол за 2:0, тоа беше и конечен резултат бидејќи до крајот резултатот „замрзна“.

Минимална победа за некогашниот второлигаш Росоман кој со 0:1 го доби Венец во Долни Дисан, а стрелец на единствениот победнички гол беше Драган Митров, истиот беше постигнат во 8. минута.

Башкими 2008 однесе висока победа од 1:4 на гостински терен над Дреново. Гостинот го отвори резултатот во 16. минута преку Јајов и на полувреме беше 0:1. Во вториот дел Јованов израмни на 1:1, а потоа гостинот преку Ахмедовски, Јашари и Арбен дојде до конечните 1:4.

Трите бодови заминаа во Кривогаштани откако Младост на гостувањето во Лажани со 2:3 ја доби Слога. Антонито Дiмоски по четири минута игра погоди за 0:1, а потоа веднаш во 5. минута Фатон Ибраими постигна гол за 1:1.


Во 11. минута од мечот Адмир Угљанин постигна гол за пресврт и водство на Слога од 2:1, но за помалку од 60 секунди гостинот преку Мартин Деркоски постигна гол за 2:2 во првиот дел.

Во второто полувреме гостинот преку Димитар Китаноски во 62. минута направи пресврт за конечните 2:3.


Питу Гули иако на полувреме имаше предност од еден гол, сепак во вториот гол прими два погодоци и со 1:2 загуби од Ултрас на домашен терен.

Александар Неделкоски во 38. минута постигна гол за отварање на резултатот во Крушево. Во вториот дел Христијан Баракоски постигна гол за 1:1 во 47. минута, а херој за гостинскиот тим беше Игор Паноски, кој во 78. минута постигна гол за конечни 1:2.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!