Трета лигаФудбал

ФК Преспа бара одговорност, ФК Сатеска се извини за немилиот настан во Волино!

Сподели
ФОТО: Фудбалскиот терен во Волино
Сподели

Натпреварот во Волино меѓу Сатеска и Преспа од 15. коло на Трета лига – Југозапад го одбележа голем инцидент, за што веќе информираше Спортска Мрежа, а настан кој го потврди и СВР Охрид.

Ова беше дерби за првото место и за баражот за Втора лига, а меч кој заврши без победник (1:1) за поделба на бодовите. Домашниот тим преку голгетерот Никола Секулоски прв дојде до предност од 1:0 со гол од пенал во 73. минута, а потоа исто со гол од пенал гостите преку Неџми Реџепи во 94. минута ги поставија конечните 1:1 за поделба на бодовите.

Токму Реџепи по завршувањето на натпреварот беше нападнат од лице од публиката, кој го удира фудбалерот на ФК Преспа од Ресен со нога во главата, а така е заведено и во делот на примедби на делегатот на записникот од мечот, за што исто така информираше Спортска Мрежа.

„По завршувањето на натпреварот настана мешаница, по што играчот со број 9 на домашната екипа и играчот со број 8 од гостинската екипа делеѓи се да нема проблеми, се засопнаа и паднаа на земјата. На теренот за време на турканицата влегоа повеќе лица кои не беа во записник, при што еден од нив со нога го удри играчот со број 8 од гостинската екипа во пределот на главата, при што изгуби свест при што од страна на докторот беше повикана брза помош. Следува дополнителен извештај“, се вели записникот во делот за примедби на делегатот.


Настанот беше пријавен и во полиција, за што случајот го потврдија и од СВР Охрид.

„На 13.04.2025 во 22.00 часот во селото Волино, општина Дебрца, полициски службеници од СВР Охрид од слобода го лишија С.Б.(43) од истото село. Тој, по завршување на фудбалски натпревар од Третата фудбалска лига во Волино, физички го нападнал Р.Н.(25) од ресенското село Грнчари, фудбалер од гостинската екипа, кој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид за укажување помош. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираат од СВР Охрид.

ФК Преспа излезе со соопштение во кое се вели дека немало ниту еден полицаец на натпреварот кој се играше во Волино.

„Во рамки на 15. коло на Трета лига – Југозапад, ФК Преспа гостуваше во село Волино против домаќинот ФК Сатеска. Натпреварот заврши со резултат од 1:1, во кој стрелец за нашата екипа беше Неџми Реџепи во 93. минута. Она што се случи после натпревар е човек да се запраша дали вреди во оваа држава да се занимаваш со фудбал и дали родителите да ги пуштат своите деца да тренираат фудбал и дали воопшто да се занимаваат со спорт.

Крајно време е некој да сноси одговорност. За натпреварот навремено беше пуштено барање да се прогласи од висок ризик, што значи дека е неопходно присуство на полиција, за жал на натпреварот немаше ниту еден полицаец.

За домаќините не знаеме што да напишеме повеќе, лани заминавме со скршена нога, годинава уште полошо. Да се напаѓаат играчи и од фудбалерите и од публиката која непречено влета во теренот е крајно некоректно и неспортски.

Ние се надеваме дека ќе има ригорозни санкции за сите што се одговорни за овој случај и дека никогаш никој нема да ја осети онаа болка што ја осеќаме за нашето дете воедно и нашиот најдобар играч.

Неџми Реџепи брзо опоравување и те чекаме да ни се вратиш уште посилен и подобар“, се вели во соопштението на ФК Преспа од Ресен.


Реџепи бил сериозно повреден и пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид за укажување помош и со часови се стравуваше за неговиот живот, но стигнаа вести дека е надвор од животна опасност.

Денес со соопштение излезе и ФК Сатеска која најпрво се извини за настанот и му посака брзо оздравување на фудбалерот на ФК Преспа.

„Во врска со инцидентот кој се случи во неделата по завршувањето на дерби натпреварот од Третата лига Југозапад, во село Волино, помеѓу екипите на ФК Сатеска-ФК Преспа изразуваме длабоко жалење и крајно се оградуваме од потегот на нашиот навивач, кој сосема неодговорно влезе во теренот и на крајно некоректен и без никакво оправдување начин тешко го повреди гостинскиот играч Неџми Реџепи. Со овој потег нанесе голема црна дамка и на нашиот клуб и нашето село, за што најостро го осудуваме и најдлабоко се извинуваме, ако е тоа можно, пред се до повредениот играч и неговото семејство и секако до ФК Преспа, со кој сме имале одлични односи. За нас уште попоразителен е фактот што до тој момент ништо не навестуваше дека ќе дојде до таква немила сцена.

Натпреварот од наша страна беше уредно пријавен во СВР Охрид, а по нашите информации истиот од комесарот за натпревари на Третата лига беше прогласен за натпревар од висок ризик. Меѓутоа полициски службеници на СВР не беа присутни на натпреварот. Исто така ,од наша страна беше обезбедено медицинско лице, лекар со сертификат за спортски натпревари и камерман. Целиот натпревар беше фер и коректен од двете страни, буквално без ниту еден поостар старт. Од 73 минута водевме со 1 0,а гостите изедначија во 94 минута од најблаго речено сомнителен пенал .Но, тоа сега е најмалку важно. По завршувањето на натпреварот дојде до турканица меѓу играчите на двете екипи ,кај гостинската клупа, наводно заради меѓусебни пцовки на играчите.

Во тој момент се случи немилиот настан,к ој воопшто во сенка го фрли и добриот натпревар, а во таа ситуација резултатот најмалку беше важен. Од лекарот и наши играчи на повредениот му беше укажана прва лекарска помош, а при транспортот и во болницата наши играчи цело време беа присутни таму.

Со ова не бараме никакво оправдување. Како клуб ја прифаќаме нашата одговорност, особено во делот на влегување во теренот на непријавени лица. Уште еднаш најостро го осудуваме потегот на нашиот навивач. На Неџми уште еднаш најдлабоко му се извинуваме и му посакуваме брзо опоравување и враќање на спортските терени. Сите одговорни за настанот, вклучително и ние како Клуб да си ја понесеме одговорноста и да научиме голема лекција, бидејќи последиците можеа да бидат уште потрагични. Како Клуб долго ќе ја носиме оваа црна дамка, од која никогаш нема да се опоравиме. Секогаш ќе не потсетува на нешто што никако не смееше да се случи и кое во иднина ако продолжиме да играме секогаш ќе ни претставува дополнителен товар во нас. Уште еднаш изразуваме искрено длабоко жалење“, се вели во соопштението на ФК Сатеска.

Според информациите на Спортска Мрежа веднаш помош на Реџеми му укажа фудбалерот на Сатеска, Никола Секулоски во моментите кога фудбалерот на Преспа изубил свест.


Во однос на табелата Преспа е прва со 35 бодови на своето конто, а токму Сатеска од Волино е втора со 29 бодови на своето конто.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

По шест месеци Беласица и Анатолиј Петејчук се разделија

Второлигашот Беласица и Анатолиј Петејчук по шест месеци се разделија. Струмичани започнуваат...

ФудбалФутсал

Што се случува со прволигашот Шкупи – тимот не допатува во Кавадарци за мечот со Клими?

Натпреварот од осмото коло на Првата футсал лига меѓу Клими и Шкупи...

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски си поднесе оставка по серијата порази на клупата на Етникос Акна

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски си поднесе оставка по...

Младински фудбалФудбал

Македонија ЃП водечка по првиот дел од сезоната во Пионерската Супер лига

Во последниот натпревар од првиот дел на сезоната во Пионерската Супер лига,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!