Трета лигаФудбал

Реми без голови во Кривогаштани, висока победа за Росоман, Ултрас преку Бобан Тошески со победа над Дреново!

Сподели
Сподели

Реми без голови на дербито во Кривогаштани откако Младост и лидерот Големо Коњари ремизираа без голови играјќи 0:0.

Башкими 2008 забележа домашна победа од 2:0 над Влазними Јуниор со погодоците на Јашари и Ахмедовски

На домашна победа се радуваше и Ултрас кој со 3:1 го доби Дреново, каде Миодраг Тасески беше стрелец за домаќинот во 2. минута, а пак Берхан Мемедов погоди во 43. минута за 1:1 на полувреме.

Во вториот дел Бобан Тошески беше двоен стрелец за 3:1 и со тоа трите бодови останаа дома.

Реми на Бучин и Питу Гули откако двете екипи одиграа 1:1, а гостинот до ремито дојде во 92. минута со гол на Благојче Митрески, а за домашниот тим стрелец беше Бојан Мицески.


Некогашниот второлигаш Росоман преку пресврт со 4:2 ја доби Слога од Лажани на домашен терен. Миловановиќ, Јованов, Николов и Миланов беа стрелците за домашниот тим, а пак за гостинот Ибраими погоди во 4. минута, а во вториот дел стрелаше и Волчески.

Слободни екипи во оваа коло беа Превалец и Венец од Долни Дисан.


Лидер е Големо Коњари со 42 бодови на своето конто, а на второто место е Превалец со 38 бодови, додека пак Башкими 2008 е трет со 35 бодови.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

СЕЕ Университи со убедлива победа три гола за Исмет Цека, трите бодови останаа во Кочани

Денес се одиграа уште два натпревари од 14. коло на Втората футсал...

ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!