Трета лигаФудбал

Слога Виница триумфираше во Зрновци и стана шампион, Турново до минимална победа, реми во Дојран!

Сподели
Сподели

Слога Виница со 0:2 го доби Светлост во Зрновци и стана шампион во Трета лига – Исток, со што веќе фокусот се става на баражот за Втора лига.

Двата погодоци беа постигнати во првиот дел од мечот кога во 18. минута резултатот го отвори Амар Исљам, а четири минути подоцна погоди Михаил Воинов.

Во вториот дел мрежите мируваа, па резултатот од првиот дел стана конечен со што Слога Виница и математички стана шампион на четири кола до крајот.

Во рамки на 14. коло во Трета лига – Исток на минимална победа од 1:0 се радуваше Хоризонт Турново откако го доби Овче Поле на стадионот „Кукуш“ со гоот на Васко Коцев постигнат во 79. минута.

Тимот од Свети Николе имаше два исклучени играчи. Најпрво во 63. минута поради два жолти картони од игра беше исклучен Давид Манев, а поради два жолти мечот предвреме го заврши и Никола Лазев, поточно во 81. минута од мечот.

Карбинци и Малеш ги поделија бодовите откако одиграа 2:2 во меч каде гостинот од Берово прв дојде до водство во 32. минута со голот на Илија Бојчовски.

Во вториот дел во 63. минута од игра беа исклучени Тоше Стојанов од Карбинци и Денил Дестанов од Малеш поради добиени директни црвени картони, а причините за доделување на црвените картони е насилничко однесување.

Во 67. минута Саше Соколов постигна гол за 1:1, а во 82. минута Бобан Стојанов постигна гол за 2:1 и пресврт. Сепак, во 90. минута Филип Спенџарски ги расплака домашните за конечни 2:2 и делба на бодовите.

Тиверија со реми во Дојран стави крај на серијата порази, откако одигра 1:1 со Дојранско Езеро.

Петар Илиев во 11. минута погоди за 1:0, а во 30. минута Доне Аргиров ги постави конечните 1:1.

Ударник во 89. минута благодарение на голот на Марјан Костадинов се спаси од пораз откако одигра 1:1 против Брегалница од Делчево. За гостинскиот тим погоди Јован Дојчинов.

Слога Виница е прва со 39 бодови со што тимот на Емил Грнев е шампион, а втора е Брегалница од Делчево со 24 бодови.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Охрид го држи врвот со натпревар помалку, Пелистер и Брера најблиску, на дното Шкупи без бодови

По пет одиграни кола, со тоа што второто коло и петтото не се комплетирани, време е за првата „лупа“ на табелата во Втората...

Прва лигаФудбал

ФК Скопје се засили со Брадаровски и Гордич

ФК Скопје продолжува со засилувањето на составот, а клубот во своите редови донесе две искусни имиња – Владица Брдаровски и Милош Гордич. Брдаровски...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

ФК Скопје се засили со Брадаровски и Гордич

ФК Скопје продолжува со засилувањето на составот, а клубот во своите редови...

Прва лигаФудбал

Тодоров: Нема да биде лесно, но посакуваме победа на денешниот натпревар

Двете победи во низа донесоа дополнителен оптимизам во редовите на Шкендија Арачиново,...

Прва лигаФудбал

ФК Скопје: Ние сме подготвени и размислуваме само за победа

Скопје освои само три бода во првите шест кола од Првата фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!