Ракомет

Радовиш конечно победи – Адамовиќ ја „тресна“ Струга, Пролет до победа над Борец ФЛ

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Ракометарите на Радовиш го забележаа првиот триумф во плеј-аутот на Суперлигата, во битката која ја има тимот за директен опстанок во ракометната елита на Македонија, откако славеа над Струга со 33:23.

Висока и убедлива победа за тимот на Игор Котевски во моменти кога најмногу беше со оглед дека Радовиш загуби од Куманово во гости, но и во Велец од Борец ФЛ кога Радовиш имаше тежок пораз.

Натпреварот во „СРЦ 25 Мај“ тргна одлично за домашниот тим кој имаше постојано водство, а стружани постојано бркаа негатива, а на полувреме Радовиш имаше 15:9.

Најдобар кај Радови шбеше Лазар Адамовиќ со девет гола, додека пак кај Струга се истана Лазар Ристиќ кој постигна шест гола.


Пролет на домашен терен обезбеди победа над Борец ФЛ со резултат од 36:30. Натпреварот беше егал особено во вторито дел кога Пролет имаше плус четири на 25:21, а потоа со серија гостинот од Велес дојде до 26:25.

Сепак, кога најмногу беше потребно Пролет направи нова серија и дојде до 32:27 или плус пет, а потоа имаше и 34:28, за на крај натпреварот да го добие со конечни 36:30.

Кај Пролет најпрецизен беше Мице Шилегов со девет гола, додека пак кај Борец ФЛ се истакна Зоран Стојановски, со девет погодоци.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20...

Ракомет

Картите пуштени во продажба: Охрид ги повика навивачите да бидат „осми играч“ против Олимпијакос

Ракометниот клуб Охрид официјално ги пушти во продажба билетите за реванш натпреварот...

Ракомет

Втор повик за нови ракометни судии – рокот е до 31 март

Здружение на ракометни судии на Македонија објави втор повик за пријавување на...

Ракомет

Атлетик ја задржа Богојеска: младата репрезентативка останува до 2029

ЖРК Атлетик продолжува со градење на стабилен и перспективен тим, откако левиот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!