Женската сениорска репрезентација на Македонија загуби со убедливи 3:0 од Косово на гостински терен во рамките на третото коло од групата 6 (сегмент Ц) од новото издание на Лигата на нации за пласман на СП 2027.
Косово успеа и вторпат во овој циклус да извојува победа над Македонија.
Сите погодоци беа постигнати во второто полувреме. Бичкај беше двоен стрелец на денешната средба, постигнувајќи голови во 50. и 60. минута од средбата. Третиот гол за Косово го постигна Мемети во 85. минута.
На 30 март Македонија ќе ја бара првата победа против Латвија во гости.