КупФудбал

КУП: Бафто ќе им суди на Вардар и Брера, Трпчевски на Шкендија и Струга Трим Лум

Сподели
Сподели

Утре се играат полуфиналните двојки од Купот на Македонија, познати се и судиите кои ќе бидат задолжени да ја делат правдата на првите натпревари.

На Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе се соочат Вардар и Брера Струмица, каде главен судија ќе биде Фатмир Бафто од Охрид, негов прв помошник ќе му биде Дарко Јовчевски од Тетово, а втор помошник Мартин Петковски од Куманово.

За четврт судија на овој натпревар е делегиран Пларент Салихи од Тетово. Делегат ќе биде Антонио Насевски од Кратово, додека пак Делчо Јакимов од Скопје ќе биде контролор на натпреварот.

Вториот полуфинален меч се игра на Градскиот стадион во Тетово каде ќе се соочат Шкендија и Струга Трим Лум. Главен судија на овој натпревар ќе биде Стојанче Трпчевски од Скопје, негов прв помошник ќе биде Тоше Ицев од Кавадарци, втор помошник ќе биде Вјолца Изеири од Гостивар.

За четврт судија во Тетово е делегиран Бењамин Ќерими од Скопје. Делегат на на мечот ќе биде Емин Кранли од Ресен, а пак контролор ќе биде Никола Караколев од Штип.

Натпреварите започнуваат во 16 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој треба да се одиграат на 25 март 2027 година. Ждрепката посака...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во Македонија освои бод откако во првото коло играше без голови во...

Поврзани написи
КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!