ФудбалФутсал

Петровски: Сè уште ништо не е решено, но веруваме во враќање во Првата футсал лига!

Сподели
Сподели

Екипата на Овче Поле застана на врвот од табелата во Втората футсал лига, тимот од Свети Николе засега чекори одлично на патот кон експресно враќање во елитата.

Спортска Мрежа разговараше со претседателот на Овче Поле, Дејан Петровски, за досегашните натпревари за клучните победи и тоа што тимот се врати на врвот од табелата.

Овче Поле успеа да добие клучни натпревари, а особено дербито во Штип кога тимот од Свети Николе славеше над тогашниот лидер Мал Ајакс.

„Да, токму така, оваа сезона имаме доста тешки натпревари таков беше и тој со Мал Ајакс можеби психолошки беше малку потежок за разлика од претходните натпревари затоа што гостуваме на екипа која до тогаш беше лидер на табелата а ние за да фатиме приклучок за првите две места моравме да не загубиме и да одиме на победа за да се задржиме да ти две места моравме да се спремаме психолошки а и тактички заедно со тренерот Иле Начев ја анализиравме екипата на Мал Ајакс доста добро гледавме неколку натпревари од нив видовме некој слабости во одбраната а и во нападот ги затворивме клучните играчи нивни и мислам дека нашите играчите дадоа се од себе истрчаа максимално одговорија на барањата наши на тактички план и мислам клучна беше не само тактичката туку физичката подготвеност беше клучна за победата. Кога ме прашувате за атмосферата можам да кажам е одлична секако после таа победа се зголеми уште повеќе екипата живее и се понаша како една фамилија атмосферата е баш на завидно ниво и се надеваме дека и така ќе ја задржиме до крајот на сезоната“, рече Дејан Петровски, претседателот на КМФ Овче Поле за Спортска Мрежа.

Овче Поле по испаѓањето од Првата лига минатата сезона најави дека ќе атакува на експресно враќање во елитата, а тимот успеа да склопи одличен тим и тоа се покажува успешно.


Како што вели Петровски и натаму е неизвесно околу првите две места кои директно водат кон Првата лига, а трката ја водат Овче Поле кој е прв со 40 бодови, колку што има и Балкан кој е втор и Мал Ајакс кој сега е трет со 39 бодови. Една од овие три екипи ќе извиси.

„Да, да секако ќе биде уште потешко до крајот на првенството бидејќи сите екипи ќе имаат поголема желба да играат против лидерот на табелата и затоа се уште не се знае не е решено првенството ние како и секогаш ќе се трудиме и бориме до крајот ќе дадеме максимум, да може да го задржиме првото место и се надеваме дека ќе влеземе пак во прва лига али пак ќе напоменам имаме уште доста за играње ќе биде тешко ние сме свесни за тоа и знаеме се надевам дека ќе ја задржиме оваа форма и атмосфера на играчите заедно со тренерот Иле ќе го искористиме неговото искуство она негова позитивна атмосфера сепак се надевам дека на крајот од сезоната ќе се радуваме заедно со играчите, управата и публиката која морам да ја споменам и да се заблагодарам а посебно на навивачката група Овчари за влез во Првата лига“, дополнува Петровски во изјавата за Спортска Мрежа.

Во следното коло екипата на Овче Поле ќе гостува во Брвеница кај Партизан Југ.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

По шест месеци Беласица и Анатолиј Петејчук се разделија

Второлигашот Беласица и Анатолиј Петејчук по шест месеци се разделија. Струмичани започнуваат...

ФудбалФутсал

Што се случува со прволигашот Шкупи – тимот не допатува во Кавадарци за мечот со Клими?

Натпреварот од осмото коло на Првата футсал лига меѓу Клими и Шкупи...

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски си поднесе оставка по серијата порази на клупата на Етникос Акна

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски си поднесе оставка по...

Младински фудбалФудбал

Македонија ЃП водечка по првиот дел од сезоната во Пионерската Супер лига

Во последниот натпревар од првиот дел на сезоната во Пионерската Супер лига,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!