ФудбалФутсал

Кеги Моби со важна победа во битката за опстанок, Проект слави голема победа во Крива Паланка!

Сподели
Сподели

Екипата на Кеги Моби забележа голема победа во битката за опстанок во Првата футсал лига на Македонија, откако тимот од Велес триумфираше против Црна Река од Кавадарци со резултат од 8:4.

Ова беше дерби од дното за опстанок каде велешкиот тим беше подобар и забележа многу важна победа. Марио Атанасовски постигна хет-трик, два гола даде Трајче Трајков, а по еден гол постигнаа Ангел Гаштев, Христијан Ристовски и Иван Николовски.

За гостинот од Кавадарци двапати стрелаше Петар Ристовски, а по еднаш погодија Ѓорѓи Стрезовски и Тони Гацев.

Јувентус Серава преку Мамуд, Бајрам и Алијевиќ со 3:1 го доби тимот на Бутел, каде за гостинската екипа единствен стрелец беше Кајсторовски.

Шампионот Форца преку трите гола на Берат Рамадани триумфираше над Клими од Кавадарци со 5:3. Двоен стрелец за шампионот беше искусниот Зоран Левески, додека пак за гостинот Мартин Никовиќ погоди двапати, а еднаш Петар Левков.

Шкупи со 4:6 триумфираше над Железарец со што овој тим веќе е нов второлигаш. За домаќинот кој испадна од Прва лига по два гола постигнаа Роберт Илиевски и Дарко Цветковски, а пак за гостинот по два гола постигнаа Зекир Зејнели и Сали Салиевски, а еден гол постигна Убејд Бериша, додека пак Мартин Стојановски си постигна автогол.

Проект слави голема победа од 6:11 во Крива Паланка над Осогово. За домаќинот Кристијан Станојковски и Михаил Павловски беа двојни стрелец, а еден гол постигна Мартин Ристовски.

За гостинот Наум Блажески постигна хет-трик, по два гола постигнаа Ѓорѓи Коцевски и Тодор Андонов, а пак по еден гол во големата победа постигнаа Никола Анчевски, Горан Стојанов, Трајче Димитриев и Бојан Јанев.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ПРВАТА ФУТСАЛ ЛИГА:
Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 КМФ ФОРЦА 2015 16 15 0 1 106 46 +60 45
2 КМФ ПРОЕКТ 16 9 2 5 66 41 +25 29
3 КМФ КЛИМИ Кавадарци 16 7 3 6 70 55 +15 24
4 КМФ ШКУПИ 1927 ДОО 16 8 0 8 68 62 +6 24
5 КМФ ОСОГОВО 2022 Крива Паланка 16 6 3 7 63 66 -3 21
6 КМФ ЈУВЕНТУС СЕРАВА (-3) 16 7 2 7 60 69 -9 20
7 КМФ КЕГИ-МОБИ Велес 16 6 2 8 58 80 -22 20
8 КМФ БУТЕЛ 2022 16 5 3 8 56 56 0 18
9 ФК ЦРНА РЕКА/КМФ 16 5 3 8 58 75 -17 18
10 КМФ ЖЕЛЕЗАРЕЦ 16 3 0 13 31 86 -55 9

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Бојку: Ги знаеме квалитетите на Шкендија, но верувам дека можеме до победа!

Струга Трим Лум со дербито во Тетово денес го отвара пролетниот дел во Првата македонска фудбалска лига. Играчот за врска на стружани, Бесмир...

Прва лигаФудбал

Беќири: Верувам дека Шкендија е подготвена да одговори на првенствените, Куп и европските натпревари

Зимската пауза во Првата македонска фудбалска лига заврши, од денес започна пролетниот дел со натпреварите од 17. коло. Првата пролетна рунда веднаш носи...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Бојку: Ги знаеме квалитетите на Шкендија, но верувам дека можеме до победа!

Струга Трим Лум со дербито во Тетово денес го отвара пролетниот дел...

Прва лигаФудбал

Беќири: Верувам дека Шкендија е подготвена да одговори на првенствените, Куп и европските натпревари

Зимската пауза во Првата македонска фудбалска лига заврши, од денес започна пролетниот...

ФудбалФутсал

ФОТО: Проект подобар на контролниот меч со Мал Ајакс

Непоразениот есенски шампион во Првата футсал лига, екипата на Проект со 2:5...

Трета лигаФудбал

Третолигашот Тиверија ги стартува зимските подготовки

Третолигашот Тиверија од Струмица ги започна зимските подготовки за вториот дел од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!