Трета лигаФудбал

Филип Петковски е решен да стане најдобар стрелец во Трета лига – Исток!

Сподели
Сподели

Новото засилување на третолигашот Слога Виница, Филип Петковски е решен да стане најдобар стрелец во овој третолигашки регион. Искусниот фудбалер во Виница пристигна во зимскиот преоден рок и со четири одиграни натпревари веќе има девет гола и може да стане најдобар стрелец.

Игор Ѓорѓиев, фудбалер на Слога Виница и натаму е најдобар стрелец со 14 погодоци, на пак Октај Амедов, исто така фудбалер на Слога Виница е на второто место на листата на најдобри стрелци со 13 гола.

Филип Петковски со четири одиграни кола веќе има девет гола и оди кон тоа да стане најдобар стрелец во Трета лига – Исток. 34-годишниот фудбалер има големо искуство и лесно може да дојде до тоа да стане најдобар стрелец и тоа со натпревари само во еден полусезона.

Низ својата кариера тој настапуваше за Еуромилк ГЛ од каде дојде во Слога Виница, беше дел до Вардар Неготино, Гостивар, Вардар, Скопје, Тетекс, Работнички, Ренова, Брера Струмица, Шкупи, Хоризонт Турново и Тиквеш.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

СЕЕ Университи со убедлива победа три гола за Исмет Цека, трите бодови останаа во Кочани

Денес се одиграа уште два натпревари од 14. коло на Втората футсал...

ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!