Убедливата победа на Порече од 6:0 над Победа Валандово во рамки на 10. коло на Втората женска фудбалска лига е крунисана и со хет-трикот на најдобриот стрелец на тимот од Македонски Брод, Јована Ѓорѓиоска Блажеска.
24-годишната фудбалерка постигна хет-трик за својот клуб на мечот против Победа Валандово, но овој натпревар го одбележа ремек-дело токму на Ѓорѓиоска Блажеска.
Од слободен удар во 38. минута Ѓорѓиоска Блажеска испрати вистински „проектил“ кон голот на гостинот од Валандово, постигна страшен еврогол за најавни шпици, а голманката на Победа Валандово, Ивана Тодоровска, немоќно следеше како нејзината мрежа се стресе.
- ЕВРОГОЛ ОД СЛОБОДЕН УДАР НА ЈОВАНА ЃОРЃИОСКА БЛАЖЕСКА:
24-годишната фудбалерка го постигна својот дванаесети гол во дресот на Порече.