Останато

Одбојкарите на Штип УГД во големото финале, откако го совладаа Работнички во полуфиналето!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа, Александар Ванев | Забрането превземање!
Сподели

СПОРТСКА МРЕЖА ОД СРЦ „25 МАЈ“ – РАДОВИШ

Радовиш е домаќин на завршницата од одбојкарскиот Куп на Македонија, а денес на програмата беа полуфиналните натпревари во машка конкуренција.

Во првото полуфинале бранителот на Куп титулата, екипата на Штип УГД без проблеми го совлада Работнички и закажа финале откако со 3-0 (25:13, 25:22, 25:20) во сетови го доби Работнички.

Штип УГД предводен од стратегот Кристијан Ристески ќе го чека исходот од вечерашното полуфинале, каде подобриот од Струмица и Борец ќе игра финале против Штип УГД, кое е закажано за сабота, исто така во СРЦ „25 Мај“ во Радовиш.

Натпреварот започна со прв поен за екипата на Штип УГД, а потоа Работнички дојде до 4:4 во поени во првиот сет. Бранителот на Куп титулата успеа да направи серија од четири поени во низа за 8:4. Одлично го започна натпреварот Штип УГД.

Следуваше два поени во низа за екипата на Работнички, која го предизвикуваше бранителот на Куп титулата, за 8:6, но потоа веднаш штипјани ја вратија предноста од три поени при 9:6.

ФОТО: Спортска Мрежа, Александар Ванев | Забрането превземање! СРЦ „25 Мај“ Радовиш

Откако тимот Штип УГД стави посериозна контрола над резултатот, стратегот на Работнички повика тајм-аут, но и после него тимот на Работнички не тргна добро, а штипјани веќе имаа 15:9.


Стратегот на штипјани Кристиан Ристески на 18:9 повика тајм-аут, кој повеќе беше формален со оглед на тоа што ракометарите од Штип беа пред освојување на сетот.

Сетот Штип УГД го доби сетот со 25:13 и поведе 1-0 против екипата на Работнички во првиот полуфинале меч.

Во вториот дел Работнички заигра подобро и одлично го отвори сетот со тоа што имаше поен разлика на почетокот кога резултатот беше 2:3, а потоа и 2:4. Скопскиот тим имаше и 3:7, а потоа штипјани реагираа и ја стопија предност на 5:7. Штипјани дојдоа до 8:10, а потоа скопскиот тим веднаш дојде до нови плус три при 8:11, а потоа и 8:12, а тоа го принуди Ристески да бара тајм-аут.


Веднаш по тајм-аутот екипата на Штип УГД беше подобра и ја намали негатива на еден поен односно 11:12, а потоа Работнички бараше тајм-аут. Првпат Штип УГД пресврт на резултатот направи при 16:15 со што штипјани веднаш потоа дојдоа и до 17:15 и два поени предност.

Штип УГД направи посериозна резултатска предност и контрола над резултатот во вториот сет, па кога беше 20:16, тоа го принуди Работнички да бара тајм-аут.

ФОТО: Спортска Мрежа, Александар Ванев | Забрането превземање!

Поен за Стефан Алексов за 23:19 и четири поени предност за Штип УГД. На крајот сетот Штип УГД го доби со резултат од 25:22 за водство од 2-0 во сетови за бранителот на Куп титулата.


Во третиот сет се играше поен за поен, кога Работнички се обидуваше да наметне игра и да направи резултатска предност, но му одеше тешко против расположение Штип УГД. Штипјани имаа 6:5, а потоа Работнички израмни на 6:6.

ФОТО: Спортска Мрежа, Александар Ванев | Забрането превземање! Кристиан Ристески, тренер на Штип

Во продолжението од третиот сет Работнички намали на 13:12, а потоа и да израмни на 13:13, но брзо поведе Штип УГД на 14:13 по сервис грешка на Работнички. Во моменти кога беше неизвесно штипјани направија два поени предност при 17:15, а потоа и 18:16 за водство на Штип.

ФОТО: Спортска Мрежа, Александар Ванев | Забрането превземање!

Бранителот на Куп титулата Штип УГД третиот сет го доби со 25:20 за победа од 3-0 во сетови и со тоа се пласираше во големото финале, каде вечерва од 19 часот ќе го чека подобриот од полуфиналниот дуел меѓу Струмица и Борец, каде извесно е дека Струмица ќе патува во финалето и со тоа би можеле да гледаме реприза на ланското финале.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Шар Планина ја доби Гевгелија – финалето ќе се решава во „мајсторка“!

Кошаркарите на Шар Планина возвратија на вистински начин и изборија решавачки трет натпревар во финалната серија за пласман во Првата македонска лига. Тимот...

Кошарка

Битка за елитата: стартува плеј-офот во Првата кошаркарска лига

По кратката пауза, викендов започнува највозбудливиот дел од сезоната во Првата македонска кошаркарска лига – плеј-офот кој ќе донесе еден нов суперлигаш. Четирите...

Поврзани написи
Останати репрезентацииОстанато

Контроли со Косово пред Европската лига: Новиот селектор Гавриловиќ ја закажа прозивката

Женската сениорска репрезентација на Македонија ќе одигра два пријателски натпревари со селекцијата...

Останато

Штип УГД и ГОК Борец во битка за историска шампионска титула

Вечерва од 19:00 часот, во салата „Јордан Мијалков“ во Штип, стартува финалната...

Останато

Ѓорческа со пресврт до победа на стартот од W75 ИТФ турнирот во Порторож

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа со победа од 2:1 во сетови (46; 63...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!