Ракомет

Охрид го претстави словенечкиот интернационалец Тилен Стрмлјан

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Ракометниот клуб Охрид продолжува со формирање на тимот за следната сезоната од Суперлигата, каде „гладијаторите“ ќе влезат со повисоки цели и амбиции. Новиот стратег Борис Ројевиќ кој ќе го води Охрид од следната сезона ги добива првите засилувања.

Откако беше промовиран српскиот интернационалец Преград Вејин, „гладијаторите“ го претставија и словенечкиот интернационалец Тилен Стрмлјан.

Тој во Охрид доаѓа од германски Хановер, како слободен агент, неговиот договор истекнува на крајот од сезоната, а дресот на Охрид ќе го носи во следните две години.

Средниот бек има 29 години, освен добрите настапи во ЕХФ Европската лига со екипата на Хановер, имаше и одлични настапи во Лигата на шампионите со екипата на Цеље. Пред тоа настапуваше и за екипата на Рико Рибница од Словенија. Има преку 30 настапи за репрезентацијата на Словенија во младинските и сениорските натпреварувања.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Ракомет

Втор повик за нови ракометни судии – рокот е до 31 март

Здружение на ракометни судии на Македонија објави втор повик за пријавување на...

Ракомет

Атлетик ја задржа Богојеска: младата репрезентативка останува до 2029

ЖРК Атлетик продолжува со градење на стабилен и перспективен тим, откако левиот...

Ракомет

Охрид и Олимпијакос со заедничка одлука: Без гостински навивачи во четвртфиналето од ЕХФ Купот

Ракометниот клуб Охрид излезе со официјално соопштение до јавноста во пресрет на...

Ракомет

Словачка со сигурен чекор кон Македонија, Украина поразена во првиот дуел – 11 гола на Турченко

Започна бараж-фазата за пласман на Светското ракометно првенство 2027, а вниманието во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!