Трета лигаФудбал

ТАБЕЛА: Преспа од Ресен е на врвот во Трета лига – Југозапад, Кораб и Сатеска од Волино во трката за баражот!

Сподели
Сподели

По тринаесет одиграни кола во Трета лига – Запад и натаму Преспа од Ресен е лидер со 31 бод на своето конто со тоа што овој тим има учинок од десет победи, едно реми и еден пораз.

На второто место на табелата е Кораб од Дебар со 28 бодови, тим кој лани беше шампион во овој регион, но не го помина баражот за влез во Втора лига, откако загуби од Вардарски, кој стана второлигаш после 27 години.

На третото место е Сатеска од Волино, а овој тим на своето конто има 27 бодови и го има најдобриот напад со реализирани 41 гол, од кои 24 се дело на Никола Секулоски кој е најдобар стрелец на Сатеска.

Овие три екипи ќе ја водат борбата за првото место и баражот за можен влез во Втора лига.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ВО ТРЕТА ЛИГА ЈУГОЗАПАД:
Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК ПРЕСПА 12 10 1 1 30 7 +23 31
2 ФК КОРАБИ 13 9 1 3 29 20 +9 28
3 ФК САТЕСКА с.Волино 12 8 3 1 41 23 +18 27
4 ФК КАРАОРМАН 2017 13 7 0 6 22 21 +1 21
5 ФК ЕВРОТИП ОНЛАЈН 13 6 2 5 24 19 +5 20
6 ФК КРАВАРИ 13 5 4 4 30 16 +14 19
7 ФК СЛАВЕЈ с.Мешеишта 13 5 2 6 22 26 -4 17
8 ФК Велешта Унитед 13 4 2 7 29 46 -17 14
9 ФК ВЛАЗНИМИ 13 4 1 8 22 28 -6 13
10 ФК СВЕТА ТРОИЦА 2021 13 2 6 5 18 22 -4 12
11 ФК ДЕМИР ХИСАР 13 3 2 8 15 24 -9 11
12 ФК СВЕТЛОСТ 11 1 0 10 11 41 -30 3
Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Боjаниќ се врати во Охридската Тврдина: „Чудно е да се загревам на спротивната страна“

Средбата со поранешниот клуб секогаш носи посебни емоции, а за Владимир Боjаниќ гостувањето во Охрид беше прилика повторно да се врати во салата...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

(ФОТО) Растодер постигна гол, Мекгин пресуди од пенал: Македонија поразена во Глазгов

Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шкотска со 2:1 на „Хампден парк“ во Глазгов, во петтото коло од Б-сегментот на Лигата на нациите. Избраниците...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!