Останато

Калин Ивановски „запрен“ во финалето на турнирот во Опатија

Сподели
ФОТО: Тениска федерација на Македонија
Сподели

Македонскиот тенисер Калин Ивановски е поразен во финалниот меч на фјучрс турнирот ИТФ М15 Опатија откако денеска загуби од првиот носител Хрватот Лука Микрут со 2-0 во сетови (63 76(4)) за еден час и 56 минути игра. Поразот значи и крај на серијата од седум победи на Ивановски, откако на турнирот имаше три меча (три победи) во квалификациите и уште пет меча на главниот турнир (четири победи). На патот до финалето македонскиот тенисер оствари и три победи над носителите меѓу кои и победникот на претходниот турнир од Истарска ривијера (Вјачеслав Биелински).

Во првиот сет од финалето Микрут направи брејк во 4.гем за водство од 3:1 во гемови и предноста ја зачува до крајот на сетот, кој го доби со 6:3 во гемови. Вториот сет имаше неколку промени во резултатот. Ивановски поведе со 3:0 во гемови со брејк, но потоа следуваше прекин поради дожд (беше присутен за време на целиот турнир). По 4:1 за македонскиот тенисер првиот носител направи брејк и успеа да изедначи на 4:4 во гемови. Но, неизвесноста продолжи до тај брејкот, откако Микрут во 11.гем направи уште еден брејк за водство од 6:5 во гемови. Сепак Ивановски успеа да возврати со ри-брејк за 6:6 во гемови, а притоа спаси и меч топка на сервис на противникот. Во 13.гем (тај брејкот) имаше само еден брејк поен за Микрут кога поведе со 3:2 на поени и гемот го заврши со 7:4 на поени што беше пралтично и 2-0 во сетови.

За Ивановски ова беше деветто финале, а има пет турнириски победи (Монастир, Ираклион, Мадрид – 2022 година, Скопје и Крамсах – 2024 година). Инаку, Ивановски во 2024 година поради повреда пропушти најголем дел од сезоната.

ИТФ фјучрсот во Опатија беше дел од 53.то издание на „Истарска ривијера“.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
Останато

Националното првенство во пливање донесе нови рекорди – Цеков доминираше на 1500м, Јанковски најбрз на 50м

Националното првенство во пливање донесе нови државни рекорди во машка конкуренција. Најимпресивен...

Останато

Историски успех за М.Т.Т.Ф: Владимир Димитриевиќ освои бронза на Светски куп во Солун

Прв медал во сениори во историјата на Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација од...

Останато

Бронза на Европско првенство за Филип Блажевски, македонското теквондо добива нова надеж

Филип Блажевски вчера во Приштина, Косово, го освои бронзениот медал на Европското...

Останато

Македонија со претставник на завршната конференција на „Играј одбојка, расти со неа“

Комесарката за натпреварување на Одбојкарската федерација на Македонија, Сања Никчевиќ, учествуваше на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!