Трета лигаФудбал

Емил Грнев тргна со победа – Слога Виница сигурна во Берово, Хоризонт Турново и Брегалнциа Делчево тргнаа со победи!

Сподели
Сподели

Големиот фаворит за првото место и баражот за Втора лига, екипата на Слога Виница тргна со победа, откако во Берово славеше со 0:3 над Малеш. Новиот стратег на некогашниот второлигаш од Виница, Емил Грнев победнички тргна со новиот клуб на патот истиот да го врати во Втората лига.

Победата беше најавена уште во првиот дел, кога Игор Ѓорѓиев во 16. минута и Дарко Николов во 18. минута погодија за 0:2 на полувреме. Во вториот дел Михаил Воинов во 58. минута погоди за конечни 0:3.

Во Дојран паднаа седум погодоци за голема победа на Хоризонт Турново од 3:4. Некогашниот вицешампион на Македонија, екипа која играше квалификации за Лига Европа, победнички тргна како повратник во Трета лига – Исток.

Благој Истатов беше двоен стрелец за гостинот од Турново, а по еден гол постигнаа во вториот дел Александар Черкезов и Васко Коцев.

За домашниот тим погодија Стојан Гушев и Петар Илиев во вториот дел, а во првиот дел Живко Гоцев си постигна автогол.

Карбинци со триумф од 2:0 над Ударник од Пирава ја започна новата сезона. Даниел Велинов во 21. минута погоди за 1:0, а во финишот на мечот или во 86. минута Трајче Ефремов постигна гол за конечни 2:0.

Овче Поле на домашен терен со 3:1 триумфираше над новајлијата Светлост од Зрновци со што третолигашот од Свети Николе кој пред неколку сезони беше шампион во Трета лига – Исток и играше бараж за Втора лига, но загуби од Арсими, победнички тргна во новата сезона.

По мирните мрежи и 0:0 во првиот дел, во второто полувреме гостинот преку Голчовски дојде до водство од 0:1. Домашниот тим преку Трендафилов веднаш израмни на 1:1 веќе во 53. минута, а потоа со два брзи гола домашниот тим направи пресврт. Панев во 76. минута погоди за 2:1, а Нацев ги постави конечните 3:1.

Брегалница од Делчево по еден година се врати во Трета лига – Исток, а на стартот од новата сезона тргна победнички, откако во Струмица со голот на Александар Илиев минимално од 0:1 славеше над Тиверија.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Без значајни промени во Втора лига – најмногу доби Осогово, Тетекс го стигна Кожуф!

Нема промени во врвот на Втората лига по одиграното 20. коло –...

ФудбалФутсал

СЕЕ Университи со убедлива победа три гола за Исмет Цека, трите бодови останаа во Кочани

Денес се одиграа уште два натпревари од 14. коло на Втората футсал...

ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!