Прва лигаФудбал

Горазд Михаилов тргна со победа на клупата на Брера, реми на Гостивар и Вардар, реми и на дербито на Чаир!

Сподели
ФОТО: ФК АП Брера Струмица
Сподели

Новиот стратег на Брера Струмица, Горазд Михаилов победнички тргна на клупата на струмичани откако со 3:2 славеше над Беса.

Овој меч понуди најмногу погодоци вкупно пет, а сите беа постигнати во вториот дел. Ивковиќ со два брзи гола на стартот од вториот дел донесе предност од 2:0 за Брера, а потоа Ѓоргиевски постигна гол за 3:0.

Таквиот резултат ја резбуди Беса која преку Љамалари намали на 3:1 и се обида да се врати резултатски, а потоа Реџепи во 88. минута ги постави конечните 3:2, откако во финишот Беса немаше сили за изненадување.

Работнички е хит на стартот од новата сезона во Првата лига откако „романтичарите“ запишаа нова победа, овој пат од 3:1 над освојувачот на КУпот на Македонија, екипата на Тиквеш. Белица во 24. минута погоди за 1:0 на полувреме. Во вториот дел од мечот Алберто постигна гол за 1:1.

Пет минути подоцна Данев донесе нова предност за Работнички од 2:1, а во 90. минута Регхба ги постави конечните 3:1.

Срѓан Захариевски тргна со реми на клупата на Вардар, откако најтрофејниот ремизираше против Гостивар играјќи 1:1, со гол постигнат во финипот од мечот. Џало Балде во 20. минута погоди за 1:0, а Босанчиќ во 84. минута ги постави конечните 1:1.

Силекс победнички се враќа од Охрид, откако по 0:0 на полувреме во вториот дел со 0:3 ја доби Воска Спорт. Ѓорѓиевски, Кочоски и Николиќ беа стрелци за кратовци.

Мега дербито на Чаир заврши без победник 1:1 меѓу Шкупи и Шкендија. Умеми Канда во 45. минута погоди за 1:0 на полувреме, а во вториот дел Клисман Цаке погоди за конечни 1:1.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Кавадарци ќе биде домаќин на 26. меморијален турнир „Вуко Каров и тиквешките легенди“ – три екипи во чест на фудбалските великани

Во сабота на Градскиот стадион во Кавадарци ќе се одржи 26. издание на традиционалниот меморијален турнир „Вуко Каров и тиквешките легенди 2026“, во...

Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10. коло на Суперлигата, меч кој се игра во салата „Билјанини Извори“...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера преку Истатов во полуфиналето, Ана Димитровска со четири гола го потона Кочани, домашни победи за Пелистер и Љуботен

Без изненадувања во Купот на Македонија во женска конкуренција, фаворитите лесно обезбедија...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!