Трета лигаФудбал

ФОТО: Академија Илинден во меч со девет гола ја доби Фортуна, Аеродром го декласираше Еуромилк – Антевски одново со еврогол!

Сподели
Сподели

Во рамки на 17. коло на Трета лига – Север екипата на Њу Старс забележа голема победа од 6:0 над Ринаи во трката за опстанок во Трета лига – Север.

Победата беше најавена уште во првиот дел кога резултатот беше 3:0 на полувреме, откако Мартин Ацески и Валентин Блажевски погодија во 13. минута односно 19. за водство од 2:0, а во 31. минута Мартин Киш погоди за 3:0 на полувреме.

Во вториот дел Никола Силјановски беше двоен стрелец, а еден гол постигна Влатко Стојановски за конечните 6:0.

Новајлијата Ржаничино имаше важна домашна победа од 2:0 против Беса од Слупчане, откако Халил Калач погоди во 6. минута за 1:0 на полувреме, а во вториот дел Иван Мицевски постигна гол за конечни 2:0 во 75. минута.

Академија Илинден го доби натпреварот со Фортуна во меч каде беа постигнати девет гола за конечните 5:4, а победата за домашниот тим добива на тежина бидејќи истата беше извојувана преку пресврт, откако домаќинот на полувреме имаше негатива од 1:3.


Фисник Санини и Мурхат Емини погодија за 0:2, а веднаш потоа Хасан Арифи намали на 1:2 со гол од белата точка. Во 44. минута Алтин Сефо постигна гол за 1:3 по првите 45 минути.

Во второто полувреме Николе Ефремов постигна гол за 2:3, а потоа Стојанче Камчев погоди за 3:3 и со тоа се врати неизвесноста на самиот меч околу трите бодови. Не требаше многу во 68. минута Ефремов со втор гол обезбеди предност за Академија Илинден од 4:3, а пак Хасан со втор гол во 83. минута обезбеди предност од 5:4.

Во 84. минута од натпреварот кој се играше во Кадино, Мифтар Аљими постигна гол за конечните 5:4.

Аеродром забележа уште една голема победа, откако со 4:1 триумфираше убедливо над некогашниот прволигаш Еуромилк ГЛ. Гостинот преку Ферди Исмаиловски дојде до предност од 0:1 во 24. минута, а четири минути подоцна Дамјан Антевски погоди за 1:1 со нов еврогол. До крајот на првиот дел Аеродром имаше 3:1 со погодоците на Марио Томовски и Сретан Каланоски.

Во второто полувреме Томовски со втор гол ги постави конечните 4:1.


БВК Коњаре однесе победа над некогашниот второлигаш Кадино со резултат од 3:2. Фати Јусуфи, Далибор Костовски и најдобриот стрелец Орхан Мифтар беа стрелци за домашниот тим, а пак за гостинот погодија Кристијан Ивановски и Дамјан Крстевски.

Фаворитот и лидер Шкендија Арачиново без проблеми го декласираше тимот на Пчиња со високи 6:0. Новото засилување Фикрет Љиварека постигна два гола, два гола постигна и искусниот Дарио Десниќ, а еден гол постигна и охриѓанецот Алекснадар Ѓорѓиески. Александар Божинов и постигна автогол.

Шкендија Арачиново излезе на терен со црни маички во знак на почин кон трагично загинатите од големата трагедија во Кочани, а парите собрани за време на натпреварот ќе бидат донирани за настраданите од големата трагедија во Кочани.

Куманово со двата гола на Андреј Јовановски триумфираше над Башкими Љуботен со резултат од 2:0.


Во однос на табелата Шкендија Арачиново е лидер со 49 бодови, втора е Фортуна со 33 бодови, а пак на третото место е Аеродром со 31 бод.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

По шест месеци Беласица и Анатолиј Петејчук се разделија

Второлигашот Беласица и Анатолиј Петејчук по шест месеци се разделија. Струмичани започнуваат...

ФудбалФутсал

Што се случува со прволигашот Шкупи – тимот не допатува во Кавадарци за мечот со Клими?

Натпреварот од осмото коло на Првата футсал лига меѓу Клими и Шкупи...

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски си поднесе оставка по серијата порази на клупата на Етникос Акна

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски си поднесе оставка по...

Младински фудбалФудбал

Македонија ЃП водечка по првиот дел од сезоната во Пионерската Супер лига

Во последниот натпревар од првиот дел на сезоната во Пионерската Супер лига,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!