Трета лигаФудбал

Преспа го „столчи“ Светлост, Света Троица 2021 со историски бод, Кораб го доби дербито со Демир Хисар

Сподели
Сподели

Ефикасно првото коло во Трета лига – Југозапад со постигнати 26 погодоци, најмногу во Велешта, каде екипата на Велешта Унитед со 5:4 славеше над Славеј од Мешеишта.

Ова беше дерби на два нови третолигаши, соочување во кое императивот беше да се својат трите бодови. Славеј на полувреме имаше предност од 0:2, но на крај покоцка два гола предност и загуби во меч со пресврт.

Валентин Ѓорѓиески постигна два гола на полувреме за 0:2, а во вториот дел Велешта направи комплетен пресврт. Ермир Врнези и Беким Бекси беа двојни стрелци за Велешта, а еден гол постигна Ерхан Шеи, за гостинската екипа во вториот дел голови постигнаа Иан Стрезоски и Христијан Латкоски.

Кораби го доби дербито против Демир Хисар на домашен терен со резултат од 2:1. Некогашниот второлигаш кој лани беше шампион во Трета лига – Југозапад, но не го помина баражот со Вардарски од Богданци кој стана второлигаш, на полувреме имаше предност од 1:0 со голот на Фатјон Леши.

Во вториот дел Валентино Петрески си постигна автогол со што Кораби дојде до двојна предност. Во 73. минута Јовица Китановски погоди за конечните 2:1 и ублажување на поразот.

Екипата на Света Троица 2021 од Охрид го освои историскиот прв бод како дебитант во Втората лига, откако одигра 2:2 против Сатеска од Волино. Натпреварот се играше во Мешеишта, а до водство прв дојде тимот на Света Троица 2021 со голот на Никола Угриноски во 36. минута. На стартот од вториот дел Никола Секулоски погоди за 1:1, а пак во 68. минута Боге Бимбилоски постигна гол за 1:2. Во 78. минута голгетерот Секулоски со втор гол ги постави конечните 2:2 за поделба на „пленот“.

Ланскиот второлигаш Караорман го загуби дербито со Влазними откако беше поразен со 0:1. Стрелец на голот на овој меч беше Валдрин Лога постигнат во 46. минута од мечот.

Новиот третолигаш Евротип со минимални 1:0 го совлада Кравари во Логоварди, а стрелец на единствениот победнички гол за домашниот тим беше Владе Јанакиевски кој беше постигнат во 85. минута.

Вчера, во воведниот меч Преспа со 6:2 ја декласираше екипата на Светлост од Кукуречани во меч на тотална доминација на домашниот тим. Двојни стрелци беа Нико Пластиновски и Неџми Реџепи, еден гол постигна Стефан Гроздановски, а Никола Шеровски си постигна автогол.

За гостинскиот тим стрелци беа Стивен Митревски во 57. минута и Сашо Талевски во 80. минута.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Ракометарките на Ѓорче Петров со максимален ефект, Чаир и Металург Автокоманда израмнети, во плеј-аутот Деспина има два од два!

По осум одиграни кола во плеј-офот на ракометната Суперлига во женска конкуренција, шампионот Ѓорче Петрови има осум од осум и максимални бодови на...

Ракомет

Уште едно коло од регуларниот дел во ракометната Суперлига, потоа започнува плеј-офот и плеј-аутот

Останува уште едно коло за комплетирање на регуларниот дел на ракометната Суперлига, по што ќе започне плеј-оф сегментот каде ќе се води борба...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

ТАБЕЛА: Кои екипи се најмногу загрозени за испаѓање во Втора лига?

Борбата за опстанок во Првата македонска фудбалска лига ќе биде голема, повеќе...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска ќе ја дели правдата натпревар во Лига на шампиони

Најдобрата македонска судијка Ивана Пројковска ќе суди натпревар од Лига на шампиони...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!