Трета лигаФудбал

Новите третолигаши до победи: Вардар 2022 го совлада Љуботен, Велазерими Слатино го совлада Зајази

Сподели
Сподели

Денес се комплетираше првото коло од Трета лига – Запад, кое беше отворено вчера, а на стартот од новата сезона новите третолигаши тргнаа победнички.

Љуботен со минимални 0:1 беше поразен од новиот третолигаш Вардар 2022 од Брвеница, со голот на Ненад Богданоски постигнат во 79. минута од натпреварот.

Велазерими од Слатино со убедливи 4:1 го декласираше Зајази на стартот од сезоната. Двоен стрелец беше Бајрами Мемеди, а по еден гол постигна Ери Абдулахи и Фљамур Мемиши.

За гостинскиот тим во 80. минута единствен стрелец беше Агон Хашими.

Камјани со голем пораз ја започна сезоната откако на домашен терен загуби со 1:3 од екипата на Дрита. За домашниот тим единствен стрелец беше Шкљзен Османи кој погоди во 35. минута од мечот, а пак за гостинскиот тим Брендим Рушити беше двоен стрелец погоди во 42. минута за 1:1, и во 73. минута за пресврт. Хузри Џемаили во 80. минута ги постави конечните 1:3.

Како што вчера информираше Спортска Мрежа некогашниот прволигаш Ренова тргна со реми против Доброшти 3:3, Речица беше декласирана од Џепчишти со 0:4, а пак Влазерими одигра реми 1:1 против ланскиот второлигаш Тетекс.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!