Ракомет

Момците на Лазаров ги победија охриѓани на домашен терен и ги израдуваа битолчани

Сподели
ФОТО: РК Алкалоид
Сподели

Екипата на Охрид загуби на гостувањето во Автокоманда, со резултат 29:26, во рамки на последното коло од регуларниот дел од Суперлигата. Натпреварот започна со една минута молк поради трагедијата во Кочани.

Охриѓани имаа лош почеток, па домаќинот поведе со 3:0, меѓутоа набрзо Охрид се разбуди и се врати во мечот, па дури и поведе со 4:5. Орјоникидзе беше најзаслужен за пресвртот, а и најрасположен за игра кај гостите, па на полувреме заминаа со негатива од пет голови (17:12).

Во второто полувреме и Алкалоид имаше мала криза, па така гостите повторно се вратија во игра и изедначија на 18:18, со добра серија за десетина минути. Но, потоа се повреди Орјоникидзе, па потоа домаќинот повторно го презеде водството и на крај победи со конечен резултат од 29:26.

Мартин Серафимов со осум и Мартин Ивановски со шест реализации беа најдобри кај Алкалоид, а пак Теимурас Орјоникидѕе беше најдобар со девет гола кај Охрид.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи....

Ракомет

Тиквеш покажа карактер и со голем пресврт ги освои бодовите против Еурофарм Пелистер 2

Ракометарите на Тиквеш извојуваа исклучително значајна победа во борбата за пласман меѓу...

Ракомет

Ојлески: ,,Заслужено победивме“ – Охрид го шокира Пелистер и ја одбрани својата ,,Тврдина”!

Охрид продолжува да ги изненадува фаворитите оваа сезона. Во 17. коло од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!