Трета лигаФудбал

Фаворитите Кораб и Сатеска се „сопнаа“, Караорман го доби Влазними, Велешта не се појави на теренот во Мешеишта!

Сподели
ФОТО: ФК Св. Троица
Сподели

Денес конечно започна пролетната полусезона во Трета лига – Југозапад со натпреварите од 12. коло, откако двапати беше одложуван стартот на пролетниот дел.

Првиот пат поради промената на седиштето на ТМФЛ – Југозапад од ОФС Охрид во ОФС Битола, а вториот пат поради трагедијата во Кочани. Натпреварите започнаа со минута молк во чест на загинатите во големата трагедија во дискотеката во Кочани.

Во првото пролетно коло фаворитите се „сопнаа“, а мечот во Мешеишта меѓу Славеј и Велешта не се одигра. Како што е наведено во записникот од мечот натпреварот во Мешеишта не започна поради недоволен број на играчи кај гостинската екипа.

„Поради недоволен број на играчи на гостинската екипа натпреварот не започна. Пристуни беа 3 играчи (Агон Истрефи, Беким Бекси и Фартан Аних), се вели во делот за примедби на делегатот од официјалниот записник на мечот.

Фаворитот Кораб одигра само 1:1 против Демир Хисар на гостински терен, откако Фатјон Леши во 12. минута постигна гол за 0:1 од белата точка, а потоа голгетерот на домашниот тим Стефан Каревски погоди од белата точка за 1:1 на полувреме, а тоа воедно беше и конечниот резултат.

Димитар Кочески во 70. минута постигна гол за Света Троица со што охридскиот тим откина бодови од фаворитот Сатеска од Волино, откако двете екипи одиграа 1:1.

За гостинскиот тим стрелец на голот беше искусниот голгетер Никола Секулоски.

Караорман го доби градското дерби во Струга против Влазними со резултат од 1:2. Ланскиот второлигаш со голот на Ненад Балоски дојде до водство од 0:1 во 42. минута. Во Вториот дел Климент Филев погоди за 0:2, а во 80. минута Ахмет Белули ги постави конечните 1:2.

Реми од 1:1 на мечот меѓу Кравари и Евротип и поделба на бодовите. Гостинот преку Антонио Марцески дојде до водство од 0:1, а во вториот дел Мартин Ризовски ги постави конечните 1:1.

Екипата на Преспа од Ресен беше слободна, бидејќи екипата на Светлост од Кукуречани се откажа од натпреварување, како што веќе информираше Спортска Мрежа.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!