Ракомет

Радовиш со триумф над Куманово го затвори регуларниот дел од Суперлигата

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Екипата на Радовиш, со резултат од 28:25 го доби натпреварот од последното коло на регуларниот дел од Супер лигата, откако на домашен терен триумфираше против Куманово.

Мечот започна со минута молк поради трагедијата во Кочани, а ракометарите на Радовиш се загреваа со црни маички на кои пишуваше Кочани и датумот 16 март 2025 година кога се случи големата трагедија.

Ова е втора победа во регуларниот дел за екипата на Радовиш, а прва победа за новиот тренер- Игор Котевски.

Куманово одлично го отвори натпреварот во СРЦ “25-ти Мај” откако имаше водство од 1:4, меѓутоа радовишани не дозволија противникот да се одлепи, па се вратија резултатски со тоа што најпрво израмнија, а потоа имаа и водство.

ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа

Во остатокот од натпреварот од првиот дел, се играше гол за гол и со често менување на резултатската предност, па така екипата на Куманово, на крај имаше предност 14:16 на полувреме.

ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа

Во вториот дел од натпреварот започна егал борба, игра гол за гол, резултатот постојано се менуваше, а Радовиш успеа да се одлепи во финишот од натпреварот и да има предност од еден до два гола, по што на крајот и го доби натпреварот со 28:25.

Најефикасен во Радовиш беше Ивица Илиев со седум погодоци, шест имаше Игор Кисељев, кај Куманово најдобар беше Давид Димевски, кој имаше десет погодоци.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи....

Ракомет

Тиквеш покажа карактер и со голем пресврт ги освои бодовите против Еурофарм Пелистер 2

Ракометарите на Тиквеш извојуваа исклучително значајна победа во борбата за пласман меѓу...

Ракомет

Ојлески: ,,Заслужено победивме“ – Охрид го шокира Пелистер и ја одбрани својата ,,Тврдина”!

Охрид продолжува да ги изненадува фаворитите оваа сезона. Во 17. коло од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!