Ракомет

ВИДЕО: Мартин Томовски одличен на голот, но Потсдам се врати на поразите!

Сподели
ФОТО: 1. VfL Potsdam
Сподели

Македонскиот голман Мартин Томовски одличен на голот на Потсдам, но неговиот тим го забележа 21-от сезонски пораз во германската Бундеслига, откако загуби од Битигхајм со резултат од 30:28.

На полувреме тимот на Томовски имаше предност од два гола при 12:14, но во вториот дел преку пресврт Битигхајм го доби дерби од долниот дел на табелата со конечни 30:28.

Потсдам тргна одлично во првиот дел од мечот и имаше предност во два наврати од шест разлика, а до крајот на првиот дел истата беше стопена на два разлика во полза на тимот на Томовски. Во вториот дел не требаше многу Битигхајм дојде до 16:16, а потоа го превземе водството до 22:22, по што одново Битигхајм дојде до предност која дојде до највисоки плус три, за на крај исходот да биде 30:28.

Томовски беше одличен на голот на Потсдам и имаше десет одбрани, ја спушташе „ролетната“ во клучни моменти, но сепак неговиот тим кој е на дното од табелата со само два бодови се врати на порази.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Ракомет

Втор повик за нови ракометни судии – рокот е до 31 март

Здружение на ракометни судии на Македонија објави втор повик за пријавување на...

Ракомет

Атлетик ја задржа Богојеска: младата репрезентативка останува до 2029

ЖРК Атлетик продолжува со градење на стабилен и перспективен тим, откако левиот...

Ракомет

Охрид и Олимпијакос со заедничка одлука: Без гостински навивачи во четвртфиналето од ЕХФ Купот

Ракометниот клуб Охрид излезе со официјално соопштение до јавноста во пресрет на...

Ракомет

Словачка со сигурен чекор кон Македонија, Украина поразена во првиот дуел – 11 гола на Турченко

Започна бараж-фазата за пласман на Светското ракометно првенство 2027, а вниманието во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!