ИнтернационалциФудбал

Седумгодишниот Јован Насев е првиот Македонец регистриран во академијата на АЕП ПАОК!

Сподели
Сподели

Младиот Јован Насев од Гевгелија е вистинска фудбалска сензација! Иако има само седум години, тој веќе се издвојува како најдобар стрелец во генерација 2014 и 2015 во Аеп фудбалската академија на Паок. Со својата прецизност, агресивност во нападот и неверојатен инстинкт за гол, тој редовно ги тресе мрежите на противниците.

Јован е познат по својата брзина, одлична техника и способност да донесе брзи одлуки на теренот. Тренерите во Паок веќе му предвидуваат светла иднина, истакнувајќи дека има квалитети кои го издвојуваат од своите врсници.

Неговите први фудбалски чекори започнуваат во ФК Кожуф од Гевгелија, каде што неговиот талент брзо доаѓа до израз. Свесен за потенцијалот на својот син, таткото на Јован одлучува да му овозможи вистински развој во фудбалската академија на Аеп Паок. Таму, Јован продолжува да импресионира, често постигнувајќи голови и докажувајќи дека е најдобар стрелец во неговата генерација.


Со тоа, Јован станува првиот странски играч кој на само седум години е официјално регистриран во академијата на Аеп ПАОК и општо во фудбалскиот сојуз на Грција. Уште еден доказ дека неговиот талент ги надминува границите. Пред Јован стои голема фудбалска иднина Спортска Mрежа му посакува многу успеси.

Виолета Јанчева за Спортска Мрежа

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

(ФОТО) Ништо од дербито: Шампионот Проект убедлив против Бутел со шест гола

Наместо дерби, доминација на теренот, шампионот Проект го „разнесе“ Бутел со резултат...

Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) ФФМ: Правилно признаен гол на Силекс по ВАР проверка на офсајд ситуација

На воведниот натпревар од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, одигран...

Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!