ФудбалФудбалска репрезентација

Омерагиќ: Приходот од влезниците за мечот со Велс ќе биде дониран за настраданите и повредените во Кочани

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонија во вторник ќе се соочи со Велс во рамки на второто коло од квалификациите за Светското првенство 2026, меч кој ќе се игра на Националанта арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, истакна дека приходот од влезниците од натпреварот со Велс ќе биде дониран за настраданите и повредените од трагедијата во Кочани.

“Сакам од срце да им честитам на нашите фудбалери за победата, карактерот и борбеноста. Ова е победа која ја заслужија – фудбалерите, стручниот штаб и нашите навивачи, кои уште еднаш покажаа дека се најдобрите на светот. Благодарност до сите. Во овие тешки моменти, нашите мисли се со семејствата на настраданите во големата трагедија во која животот го загубија многу млади луѓе. Како знак на поддршка и солидарност, сакам да најавам дека приходот од влезниците за нашиот следен натпревар против Велс ќе биде дониран за повредените и семејствата на загинатите. Ова е време кога фудбалот покажува дека е повеќе од игра – фудбалот и репрезентацијата обединуваат и помагаат. Да продолжиме заедно, со срце и со верба за Македонија. Се гледаме во вторник на Националната арена”, Масар Омерагиќ – претседател на Фудбалска федерација на Македонија.

Македонија со победа ги започна квалификациите за СП 2026, откако го доби Лихтенштајн во Вадуц со резултат од 0:3.

Сподели

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!