Прва женска фудбалска лигаФудбал

Во понеделник ќе се одиграат одложените натпревари од Првата женска фудбалска лига

Сподели
ФОТО: ЖФК Тиверија Брера
Сподели

Одложените натпревари од 17. коло на Првата женска фудбалска лига поради големата трагедија во Кочани, каде животот го загубија 59 лица, ќе се одиграат во понеделник.

Во рамки на оваа рунда ќе се игра и големото дерби кое ќе решава и за титулата меѓу актуелниот шампион Љуботен и лидерот Тиверија Брера, ова ќе биде супер дерби кое ќе започне во 16 часот, а се игра во Тетово.

На теренот во скопско Пржино со почеток од 13:30 часот ќе се соочат Истатов и Ас Јунајтед од Струга, каде домаќинот ќе биде во улога на голем фаворит за трите бодови.

Во Битола ќе се игра градското дерби меѓу Топ Гол и Атлетико, во дерби каде трите бодови се императив и за двете страни. Градското дерби во Битола ќе започне во 15:30 часот.

Речица на домашен терен ќе игра против Скопје, каде гостинот ќе биде фаворит, а пак домаќинот сака изненадување со цел да го избегне претпоследното место кое води кон баражот за опстанок во Првата лига, а мечот ќе започне во 15:30 часот.

Спортска Мрежа пред да биде одложеното колото направи комплетна анализа на натпреварите.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Алаѓозовски: Против Шкупи, посакуваме да ја завршиме годината во позитивен стил

Брера Струмица со четири порази во низа од последните пет средби денес во Струга против „фенерџијата“ ќе бара враќање на победата и со...

Прва лигаФудбал

Работнички во обид да спаси, што може да се спаси, во последниот есенски меч

Работнички имаше очајна есен, досега собра само седум бодови и се наоѓа на претпоследната позиција на табелата во Првата лига. Со само една...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Алаѓозовски: Против Шкупи, посакуваме да ја завршиме годината во позитивен стил

Брера Струмица со четири порази во низа од последните пет средби денес...

Прва лигаФудбал

Работнички во обид да спаси, што може да се спаси, во последниот есенски меч

Работнички имаше очајна есен, досега собра само седум бодови и се наоѓа...

Втора лигаФудбал

Што ќе донесат денешните натпревари во Виница и Големо Коњари?

Пополека доаѓа моментот за комплетирање на 15. коло на Втората лига кое...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Големо Коњари – Тетекс

„Фенерџијата“ Големо Коњари на домашен терен ќе го пречека тимот на Тетекс...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!