Репрезентативците на Македонија со црни маички излегоа на теренот на загревањето пред натпреварот со Лихтенштајн, со кои ќе се искаже почит и сочувство за загинатите и настраданите во големата трагедија која се случи во дискотеката во Кочани.
Македонија е голем фаворит на денешниот меч, а нашите репрезентативци се подготвени да извојуваат голема и важна победа, која ќе биде посветена на целата македонска нација.
Натпреварот стартува во 15 часот.